Имотен лист и услуги од катастар достапни на националниот портал uslugi.gov.mk
March 10, 2025

Скопје, 10. март 2025 (ИНПРЕС) – Имотниот лист и пет други најкористени услуги од катастарот од оваа недела се достапни на порталот uslugi.gov.mk, рече во гостување на ТВ Сител министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски.

Во сите центри за услуги во Скопје, во Општина Аеродром, во Јегуновце, во Куманово, во Охрид, во Битола и во Тетово граѓаните ќе можат да извадат ваков документ преку електронска услуга од катастарот.

– Што значи практично дека шалтерите од катастарот ги прошируваме низ целата држава и во нашите центри за услуги, рече министерот.

Со измените на Законот за електронски документи од 1 јануари секој документ којшто ќе се испечати од порталот односно електронски документ ќе може да се користи како традиционален документ, со синиот печат.

– Што значи дека овие документи имаат електронски печат, електронски потпис, времен жиг кој што точно утврдува кој го произвел, кој го потпишува и во кое време, што значи имаат полноправна валидност и ќе можат да се користат, рече Андоновски. (Крај)

извор: Сител фото: архива