Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Андовски: 89 пациенти се хоспитализирани во Македонија, 76 се лекуваат во странство, засега состојбата им е стабилна

Андовски: 89 пациенти се хоспитализирани во Македонија, 76 се лекуваат во странство, засега состојбата им е стабилна

1 min read

Скопје, 18. март 2025 (ИНПРЕС) – Вкупно 89 повредени при пожарот во дискотеката „Пулс“ се хоспитализирани во Македонија, додека досега 76 се пренесени на лекување во странство. Состојбата на сите засега е релативно стабилна изјави заменик министерот за здравство, Јовица Андовски по утринскиот брифинг со лекарите од клиниките.

– Во клиниката за пластична хирургија има 17 пациенти на Токсикологија 13, на Торакална 4 кои се стабилни, на трауми 2, на детска хирургија 4, КАРИЛ 14, стара градска 12, во 8-ми септември се 18, на пулмолигјија 2 и останати се во Штип 3 пациенти. Оние што се во странство, има 76 пациенти транспортирани во странски клиники. Ноќеска се транспортирани во Хрватска 2, во Атина 3, во Виена 2 и Словенија 2. Планирано е препраќање на уште неколку пациенти, во преговори сме со Виена, Полска, Шведска, Холандија, Италија, Норвешка, Словенија… рече Андовски.

На овие бројки треба да се додадат и 8 повредени во „Аџибадем Систина“ и 6 повредени во „Жан Митрев“.

Странски доктори за помош во третманот на повредените веќе има во земјава, тука се доктори од Белгија, од Израел, потоа од Чешка и од ВМА од Белград, Србија.

Андовски пренесе и добра вест од Турција, од болницата од Анкара, каде се згрижени шест пациенти. Кога биле примени сите биле интубирани, а веќе денеска, пет од шест се екстубирани и дишат самостојно. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива

Post navigation

Previous Министерството за здравство отвори телефонска линија за психолошка поддршка на пациентите
Next Мицковски: Сите објекти што не ги исполнуваат условите за работа ќе бидат затворени и санкционирани

Слични вести

Следниот викенд ќе се одржи 7. издание на планинско-езерскиот Фестивал на планината и езерото Следниот викенд ќе се одржи 7. издание на планинско-езерскиот Фестивал на планината и езерото
1 min read

Следниот викенд ќе се одржи 7. издание на планинско-езерскиот Фестивал на планината и езерото

Се спроведуваат научни истражувања на пештерски организми во НП „Галичица“ Се спроведуваат научни истражувања на пештерски организми во НП „Галичица“
1 min read

Се спроведуваат научни истражувања на пештерски организми во НП „Галичица“

Завршува учебната година, учениците одат на летен распуст Завршува учебната година, учениците одат на летен распуст

Завршува учебната година, учениците одат на летен распуст

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.