Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Продолжува негативниот природен прираст во Охрид, во првиот квартал годинава е – 96

Продолжува негативниот природен прираст во Охрид, во првиот квартал годинава е – 96

1 min read

Охрид, 30. мај 2025 (ИНПРЕС) – И оваа година Охрид ја започна со негативен природен прираст.

Според податоците на Државниот завод за статистика во месеците јануари, февруари и март се родиле 80, а починале 176 лица, односно се бележи прираст од -96.

И соседната Општина Дебрца бележи негативен прираст, се родиле 4, а починале 14 лица. Во Струга во првиот квартал исто така сае бележи негативен прираст, се родиле 111, а починале 124 лица.

Што се однесува до бројот на склучени бракови, во Охрид судбоносното „да“ го кажале 31 двојка, а имало 16 разводи. Во Струга во анализираниот период се склучиле 69 бракови, а евидентирани се 6 разводи. Во Дебрца е евидентиран еден склучен брак и нема разводи.

На државно ниво во првиот квартал од оваа година имало 3 526 живородени деца, а починале 5 398 лица, со што се бележи негативен прираст од -1 872. Во анализираниот период споредено со истиот од 2023 година се бележи намалување на бројот на склучени и разведени бракови. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива

Post navigation

Previous Мобилна пристапна рампа и лупа за читање за лицата со оштетен вид донирани на СОСУ „Св.Кирил и Методиј“
Next Министерот за спорт во посета на Алпинистичкиот клуб „Патагонија“ и Тренинг-центарот на Планинската спасителна служба

Слични вести

Нивото на Охридското Езеро во рамки на априлскиот просек Нивото на Охридското Езеро во рамки на априлскиот просек
1 min read

Нивото на Охридското Езеро во рамки на априлскиот просек

Жителите на дел од населбата Рача неколку часа без вода Жителите на дел од населбата Рача неколку часа без вода

Жителите на дел од населбата Рача неколку часа без вода

Повторно мапирани диви депонии во населбите Воска и Даљан, подигнати 55 м³ кабаст и зелен отпад Повторно мапирани диви депонии во населбите Воска и Даљан, подигнати 55 м³ кабаст и зелен отпад
1 min read

Повторно мапирани диви депонии во населбите Воска и Даљан, подигнати 55 м³ кабаст и зелен отпад

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.