Охрид, 30. мај 2025 (ИНПРЕС) – И оваа година Охрид ја започна со негативен природен прираст.
Според податоците на Државниот завод за статистика во месеците јануари, февруари и март се родиле 80, а починале 176 лица, односно се бележи прираст од -96.
И соседната Општина Дебрца бележи негативен прираст, се родиле 4, а починале 14 лица. Во Струга во првиот квартал исто така сае бележи негативен прираст, се родиле 111, а починале 124 лица.
Што се однесува до бројот на склучени бракови, во Охрид судбоносното „да“ го кажале 31 двојка, а имало 16 разводи. Во Струга во анализираниот период се склучиле 69 бракови, а евидентирани се 6 разводи. Во Дебрца е евидентиран еден склучен брак и нема разводи.
На државно ниво во првиот квартал од оваа година имало 3 526 живородени деца, а починале 5 398 лица, со што се бележи негативен прираст од -1 872. Во анализираниот период споредено со истиот од 2023 година се бележи намалување на бројот на склучени и разведени бракови. (Крај)
извор: ИнПрес фото: архива
