Охрид, 25. септември 2025 (ИНПРЕС) – Во сабота Охрид ќе биде домаќин на вистински спортски спектакл – завршна манифестација со која ќе биде затворена Европската недела на спортот 2025.
Овој проект го спроведува Министерството за спорт во рамките на најголемата европска иницијатива за промоција на спортот и физичката активност – European Week of Sport (EWoS) која годинава одбележува 10-годишен јубилеј.
– Охриѓани имаат можност да уживаат во единствено искуство кое ги спојува спортот и забавата. Во рамките на овој спортски спектакл ќе се одржат натпревари во ракомет, кошарка, фудбал, одбојка, карате, таеквондо, стрелаштво, ќе има фитнес зона и уште многу забавни активности проследени со музика и вечерна програма. Да ја заокружиме заедно неделата исполнета со енергија, движење и спортски дух, порачуваат организаторите.
Настанот ќе се одржи на Кеј „Македонија“, со почеток во 13:00 часот. (Крај)
извор: ИнПрес фото: архива