Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • На полноќ истекува рокот за пријавување болни и немоќни лица до ОИК за гласање на локалните избори

На полноќ истекува рокот за пријавување болни и немоќни лица до ОИК за гласање на локалните избори

1 min read
На полноќ истекува рокот за пријавување болни и немоќни лица до ОИК за гласање на локалните избори

Скопје, 10. октомври 2025 (ИНПРЕС) – Вечерва на полноќ истекува рокот за пријавување на болните и немоќни лица за гласање на Локалните избори 2025.

Според Роковникот на Државната изборна комисија, избирачот кој не е во можност да гласа на гласачкото место, немоќно или болно лице, а сака да гласа на изборите, треба да ја извести Општинската изборна комисија најдоцна седум дена пред денот определен за гласање, 10 октомври на полноќ. За да се овозможи лицето да гласа во домашни услови, до Општинската изборна комисија треба да биде доставена соодветна медицинска документација.

На 14-ти октомври, пак, истекува рокот за пријавуање на лицата кои сакаат да гласаат на изборите, а кои издржуваат мерка куќен притвор.

Избирачките одбори го спроведуваат гласањето во домовите на болните и немоќни лица и на лицата кои се во домашен притвор. Немоќните или болни лица, лицата во куќен притвор, затворениците и лицата во старските домови гласаат еден ден пред изборите, односно на 18-ти октомври.

Вкупниот број на гласачи запишани во Избирачкиот список во Македонија за локалните избори 2025 година изнесува 1 832 415 избирачи. Од овие избирачи, во изводите на Избирачкиот список се запишани 1 717 803 избирачи, додека 112 000 избирачи се запишани во посебниот Избирачки список за лица на привремена работа или престој во странство, 2 162 избирачи кои се наоѓаат на издржување казна затвор или се во притвор и 450 избирачи од домовите за стари лица. На овие избори не се спроведува гласање во дијаспората. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива

Post navigation

Previous Ученици од РЦСОО „Ванчо Питошески“ со победнички Service Learning проект
Next Еден златен и два сребрени медали за учениците од РЦСОО „Ванчо Питошески“ на Меѓународниот натпревар GATUS 2025

Слични вести

Следниот викенд ќе се одржи 7. издание на планинско-езерскиот Фестивал на планината и езерото Следниот викенд ќе се одржи 7. издание на планинско-езерскиот Фестивал на планината и езерото
1 min read

Следниот викенд ќе се одржи 7. издание на планинско-езерскиот Фестивал на планината и езерото

Се спроведуваат научни истражувања на пештерски организми во НП „Галичица“ Се спроведуваат научни истражувања на пештерски организми во НП „Галичица“
1 min read

Се спроведуваат научни истражувања на пештерски организми во НП „Галичица“

Завршува учебната година, учениците одат на летен распуст Завршува учебната година, учениците одат на летен распуст

Завршува учебната година, учениците одат на летен распуст

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.