Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Историски успех за МТТФ: Владимир Димитриевиќ освои бронза на Светски куп во Солун

Историски успех за МТТФ: Владимир Димитриевиќ освои бронза на Светски куп во Солун

1 min read
Историски успех за МТТФ: Владимир Димитриевиќ освои бронза на Светски куп во Солун

Охрид, 16. декември 2025 (ИНПРЕС) – Прв медал  во сениори во историјата на Македонската Традиционална Таеквон-до Федерација од Светски куп.

Викендов МТТФ со тројца натпреварувачи под водство на националниот тренер Саша Поповски, потпретседателот Зоран Парулески и Христијана Парулеска како судија, учествуваше на Светскиот куп „King of Taekwon-do“, што се одржа во Солун, Грција. Учествуваа над 1.400 натпреварувачи од 21 држава од целиот свет.

Најголемиот успех го постигна Владимир Димитриевиќ во спаринг категорија сениори до 78 кг. И покрај повредата здобиена поради густиот натпреварувачки распоред во изминатиот период, тој успеа да освои бронзен медал – прв медал за МТТФ од Светски куп. Во елиминационата фаза го совлада домашниот натпреварувач од Грција, а во четвртфиналето забележа победа над претставникот од Естонија. Во полуфиналниот меч беше поразен од натпреварувачот од Украина, со што не успеа да се пласира во финалето и борбата за златен медал.

Со овој резултат, Димитриевиќ ја заокружува 2025 година онака како што и ја започна – со историски успех во сениорска конкуренција. Овој медал претставува значаен чекор напред за МТТФ и македонското традиционално таеквон-до и е јасен показател дека ИТФ таеквон-до спортот се стреми да биде еден од најдобрите спортови во Македонија.

Миа Танеска настапи во категорија јуниори, црвен појас, форми (борба со замислен противник), во конкуренција од 38 натпреварувачки. Таа успеа да се пласира до четвртфиналето, каде што беше поразена во борбата за медал и влез во полуфинале, освојувајќи го високото 9-то место. Додека во спаринг категорија јуниори до +55 кг, и покрај прикажаната борбеност и квалитет, не успеа да ја совлада противничката и беше елиминирана во раната фаза.

На овој Светски куп настапи и Даниел Стојаноски, кој за првпат ја претставуваше МТТФ во категорија кадети до -40 кг, но ја загуби првата борба. (Крај)

извор: ИнПрес фото: МТТФ

Post navigation

Previous Утре повеќечасовен прекин во водоснабдувањето во населбата Црногорци и селата Лескоец и Лакочереј
Next Езерскиот водостој на 10 сантиметри над просекот за декември

Слични вести

Изложба на трудовите од БИМАС 2025 од утре во куќата на Робевци во Охрид Изложба на трудовите од БИМАС 2025 од утре во куќата на Робевци во Охрид

Изложба на трудовите од БИМАС 2025 од утре во куќата на Робевци во Охрид

Музичкото наследство на Тоше Проески во нова форма – албумот „Игри без граници“ објавен на винил Музичкото наследство на Тоше Проески во нова форма – албумот „Игри без граници“ објавен на винил
1 min read

Музичкото наследство на Тоше Проески во нова форма – албумот „Игри без граници“ објавен на винил

Со повеќе активности охридскиот Црвен крст ќе го одбележи Светски ден и неделата на Црвениот крст и Црвената полумесечина Со повеќе активности охридскиот Црвен крст ќе го одбележи Светски ден и неделата на Црвениот крст и Црвената полумесечина
1 min read

Со повеќе активности охридскиот Црвен крст ќе го одбележи Светски ден и неделата на Црвениот крст и Црвената полумесечина

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.