Охрид, 6. февруари 2026 (ИНПРЕС) – Како што информиравме, во претпладневните часови изби експлозија во куќа во селото Велгошти, пришто е повредена жена.
Според информациите од Територијалната противпожарна единица Охрид разорната експлозија била предизвикана од зголемена концентрација на гасови (плин) и останати фактори, што придонеле за високо ниво на експлозивност.
Благодарение на брзата реакција на пожарникарите спречено е и опожарување на објектот. Притоа, повредена е жена која е преземена од екипите на Брза помош. (Крај)
извор: ИнПрес фото: ТППЕ
