Охрид, 9. март 2026 (ИНПРЕС) – Во првиот месец од оваа година во Охрид биле издадени 4 одобренија за градење, објавија од Државниот завод за статистика на Република Македонија.
Во сите случаи како инвеститор се јавува деловен субјект. Предвидена е градба на 109 станови, најмногу двособни и трособни, со вкупна корисна површина од 5.928 м². Во анализираниот период во општина Струга се издадени 3, додека во Дебрца ниту едно одобрение за градба.
На ниво на Република Македонија, во јануари 2026 година издадени се 256 одобренија за градење. Од вкупниот број на издадени одобренија, 160 се наменети за објекти од високоградба, 31 за објекти од нискоградба и 65 за објекти за реконструкција. Од вкупно 256 објекти, на 155 како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 101 инвеститори се деловни субјекти.
Во извештајниот период е предвидена изградба на 618 станови, со вкупна корисна површина од 54.359 м². (Крај)
извор: ИнПрес фото: ИнПрес
