Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Белчишко Блато – чекор кон ново заштитено подрачје и инвестиција во биодиверзитетот и одржлива иднина

Белчишко Блато – чекор кон ново заштитено подрачје и инвестиција во биодиверзитетот и одржлива иднина

1 min read
Белчишко Блато – чекор кон ново заштитено подрачје и инвестиција во биодиверзитетот и одржлива иднина

Сини вирој Белчишко блато Општина Дебрца

Дебрца, 8. април 2026 (ИНПРЕС) – Министерството за животна средина и просторно планирање, во соработка со Општина Дебрца, одржа јавната расправа за прогласување на Белчишко Блато за заштитено подрачје во категорија IV – Парк на природата.

Ова е значаен чекор во процесот на институционална заштита на едно од посебно вредните природни подрачја во државата, преку утврдување на категоријата на заштита, границите и зоните на идниот парк на природа.

Во рамки на расправата беа презентирани природните вредности на Белчишко Блато, предложената категоризација на заштита, како и предлог-границите и зоните, додека претставници од МЖСПП ја образложија постапката за прогласување на подрачјето и содржината на Нацрт-законот. Претставникот од Здружението за екологија и туризам „Екотуризам 2016“, Ѓоко Зоровски, ги презентираше природните вредности и значењето на подрачјето од аспект на биодиверзитетот и неговата заштита.

Беше отворена дискусија со сите засегнати страни, со цел прибирање на мислења, коментари и предлози што ќе придонесат кон квалитетно финализирање на законското решение.

Овој процес е дел од пошироките напори на државата за усогласување со европското законодавство во областа на заштита на природата, вклучително и принципите на Natura 2000 мрежата, како и со целите на Зелената агенда за Западен Балкан, која ја става заштитата на биодиверзитетот, екосистемските услуги и одржливото управување со природните ресурси во фокусот на регионалниот развој.

Коментари и сугестии по Нацрт-законот може да се достават во рок од 15 дена по одржување на јавната расправа. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива

Post navigation

Previous Велика Среда: Помазување на Христа од покајаната грешница
Next Здравје: Четири вечерни навики што го зголемуваат кортизолот и го отежнуваат губењето на стомачните масти

Слични вести

Здравје: Тренер советува како да уживате во скарата без да се здебелите Здравје: Тренер советува како да уживате во скарата без да се здебелите
1 min read

Здравје: Тренер советува како да уживате во скарата без да се здебелите

Нивото на Охридското Езеро во рамки на априлскиот просек Нивото на Охридското Езеро во рамки на априлскиот просек
1 min read

Нивото на Охридското Езеро во рамки на априлскиот просек

Жителите на дел од населбата Рача неколку часа без вода Жителите на дел од населбата Рача неколку часа без вода

Жителите на дел од населбата Рача неколку часа без вода

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.