Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Куна белка (Martes foina) – нов евидентиран посетител во Лескоечка Пештера

Куна белка (Martes foina) – нов евидентиран посетител во Лескоечка Пештера

1 min read
Куна белка (Martes foina) – нов евидентиран посетител во Лескоечка Пештера

Охрид, 24. април 2026 (ИНПРЕС) – Во рамки на проектот „Заштита на пештерските екосистеми од влијанијата на климатските промени и воспоставување одржлив систем за одговор на катастрофи во НП „Галичица“ во тек е мониторинг на пештерата Лескоечка.

Воспоставениот редовен мониторинг преку фото-замки овозможува постојано следење на состојбата во екосистемот на Лескоечка Пештера. Куна белка (Martes foina) е нов евидентиран посетител во Лескоечка Пештера.

– Куна белка е средно голем предатор. Телото е тенко и долго 40 – 55 см,  опашката долга 22 – 30 см, нозете се кратки, а тежината е 1 – 2,3 кг. Крзното е сиво-кафено, потемно на грбот, со карактеристична бела точка на грлото и градите. Главата е мала и зашилена, со големи тркалезни уши. Ноктите се силни и делумно свиткани. Куна белка е одличен качувач и тркач, може да трча до 15 км/час и да скока до 4 м. Се храни со мали глодари (глувци), зајаци, птици, птичји јајца, инсекти, овошје (јаболка, сливи, грозје), пченка. Не складира резерви на храна. Се пари во јули/август и по 8 – 9 месеци бременост, младите ги раѓа во март/април. Леглото обично има од 1 до 5 млади, просечно 3. Младенчињата се самостојни до есен, информираат од Црвен крст Охрид.

Додаваат дека Куна белка е многу прилагодлив вид – единствената куна што редовно ги населува човечките населби. Во Националниот парк „Галичица“ се забележува често. Живее осамен живот, а во пар е само за време на сезоната на парење. Активна е ноќе и одмара во шуплини на дрвја, густи грмушки или напуштени гнезда на птици и верверички.

Проектот „Заштита на пештерските екосистеми од влијанијата на климатските промени и воспоставување одржлив систем за одговор на катастрофи во Националниот парк „Галичица“ е поддржај од Prespa Ohrid Nature Trust – PONT, а го спроведуваат Црвен крст Охрид и Истражувачко друштво „Урсус спелеос“ – Скопје во соработка со ЈУНП „Галичица“. (Крај)

извор: ИнПрес фото: Црвен крст Охрид/print screen

Post navigation

Previous Бронзен медал за Кети Јоноска од ОЕМУЦ „Св.Наум Охридски“ на ROBOMAC JUNIOR 2026
Next Штандот на ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски” избран за најдобар меѓу стручните училишта на „МАССУМ 2026“

Слични вести

Следниот викенд ќе се одржи 7. издание на планинско-езерскиот Фестивал на планината и езерото Следниот викенд ќе се одржи 7. издание на планинско-езерскиот Фестивал на планината и езерото
1 min read

Следниот викенд ќе се одржи 7. издание на планинско-езерскиот Фестивал на планината и езерото

Се спроведуваат научни истражувања на пештерски организми во НП „Галичица“ Се спроведуваат научни истражувања на пештерски организми во НП „Галичица“
1 min read

Се спроведуваат научни истражувања на пештерски организми во НП „Галичица“

Завршува учебната година, учениците одат на летен распуст Завршува учебната година, учениците одат на летен распуст

Завршува учебната година, учениците одат на летен распуст

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.