Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Изетбеговиќ: На 22 јули ќе го посетиме Белград

Изетбеговиќ: На 22 јули ќе го посетиме Белград

1 min read

Warning: Attempt to read property "post_excerpt" on null in /home2/totomk/public_html/new.inpress.mk/wp-content/themes/darknews/single.php on line 43

Сараево,17.јули 2015 (ИНПРЕС) – Членот на Претседателството на Босна и Херцеговина, Бакир Изетбеговиќ денеска потврди дека тројцата членови на Претседателството ќе ја посетат Србија на 22 јули и ќе ја прифатат подадената рака на помирување од српскиот премиер Александар Вучиќ.

– По инцидентот во Сребреница неопходно е да одам во Белград и да го охрабрам премиерот Вучиќ да продолжи по патот по кој тргнал. Тој даде надеж и направи низа добри извинувања за помирување на регионот, за односите меѓу Србите и Бошњаците, меѓу Србија и БиХ, посочи Изетбеговиќ.

Тој наведе дека во Поточари, на одбележувањето на 20-годишнината од геноцидот во Сребреница имало низа безбедносни пропусти, но оти тој не бил домаќин на настанот, туку Организациониот комитет за одбележување на настанот.

Изетбеговиќ посочи дека задоцнил на церемонијата поради сообраќајниот метеж и не успеал да се поздрави со Вучиќ.

Тој додаде дека истрагата ќе покаже оти нападот врз Вучиќ не бил организиран, додавајќи оти во Поточари немало правилна безбедносна проценка.

Вучиќ во вторникот упати покана до тројцата членови на претседателството на БиХ – Младен Иваниќ, Драган Човиќ и Изетбеговиќ.

Во поканата на Вучиќ се наведува дека двете земји се „цврсто и трајно решени да ги развиваат билатералните односи и да ги решаваат сите отворени прашања со непосреден дијалог и во духот на добрососедството за доброто на граѓаните на двете држави“.(Крај)

извор:АлсатМ фото:архива

Post navigation

Previous Србија прва на удар на Балканските џихадисти
Next Едно лице загина во пожар во стан на познат српски актер

Слични вести

Објавени огласите за упис на првачиња, документите ќе се доставуваат во текот на месец мај Објавени огласите за упис на првачиња, документите ќе се доставуваат во текот на месец мај

Објавени огласите за упис на првачиња, документите ќе се доставуваат во текот на месец мај

Охрид домаќин на 91 Средба на правниците, ќе се одржи од 23 до 25 април Охрид домаќин на 91 Средба на правниците, ќе се одржи од 23 до 25 април

Охрид домаќин на 91 Средба на правниците, ќе се одржи од 23 до 25 април

Источен Петок Балаклија: Чудата на Пресвета Богородица со изворот кај Цариград! Источен Петок Балаклија: Чудата на Пресвета Богородица со изворот кај Цариград!

Источен Петок Балаклија: Чудата на Пресвета Богородица со изворот кај Цариград!

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.