Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Средба Коѕиас-Нуланд во Атина

Средба Коѕиас-Нуланд во Атина


Warning: Attempt to read property "post_excerpt" on null in /home2/totomk/public_html/new.inpress.mk/wp-content/themes/darknews/single.php on line 43

Атина, 21.октомври 2015 (ИНПРЕС) – Грчкиот министер за надворешни работи Никос Коѕиас денеска во Атина ќе се сретне со помошникот државен секретар на САД за европски и евроазиски прашања Викторија Нуланд.

Освен кусата најава од Стејт департментот дека Нуланд во Атина ќе разговара за „низа билатерални и регионални прашања, вклучително и економските реформи, бегалската криза, како и енергетската диверзификација“, грчкото Министертсво за надворешни работи не соопшти што ќе бидат главни теми на денешната средба.

Како што јави дописникот на МИА од Атина, иако во Грција деновиве не се шпекулира за што ќе разговараат Нуланд и Коѕиас, прашањето за името на Македонија веројатно ќе биде една од темите, со соглед на последните случувања за време на Генералното собрание на ОН во Њујорк.

Средбата на двајцата државници не ја коментираа ниту грчките весници, освен неколку портали кои најавија дека тоа ќе биде „интересен“ состанок. (Крај)

извор:МИА фото:архива

Post navigation

Previous Во Романија запленет хероин од еден милион евра
Next Српскиот државен и црковен врв порача дека нема признавање на Косово

Слични вести

Охрид домаќин на 91 Средба на правниците, ќе се одржи од 23 до 25 април Охрид домаќин на 91 Средба на правниците, ќе се одржи од 23 до 25 април

Охрид домаќин на 91 Средба на правниците, ќе се одржи од 23 до 25 април

Источен Петок Балаклија: Чудата на Пресвета Богородица со изворот кај Цариград! Источен Петок Балаклија: Чудата на Пресвета Богородица со изворот кај Цариград!

Источен Петок Балаклија: Чудата на Пресвета Богородица со изворот кај Цариград!

Здравје: Кафе на празен стомак – да или не? Здравје: Кафе на празен стомак – да или не?
1 min read

Здравје: Кафе на празен стомак – да или не?

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.