Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Mилион евра грант од Кралството Шпанија за Охридското Езеро

Mилион евра грант од Кралството Шпанија за Охридското Езеро

Mилион евра грант од Кралството Шпанија за Охридското Езеро

Скопје/Охрид, 21. февруари 2025 (ИНПРЕС) – Шпанската влада даде техничка помош со грант од приближно еден милион евра, за консултантски и инженерски услуги за системот за одведување и третман на отпадни води за Охридското Езеро.

Првиот заменик претседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити одржа работен состанок со амбасадорот на Кралството Шпанија во нашата земја, Рафаел Соријано Ортиз.

Меџити го информирал амбасадорот Ортиз за приоритетите на Владата и министерството за животна средина, а разговарале за можностите за забрзување на процесот на интеграција на Република Македонија во Европската Унија.

– Нашите две пријателски земји имаат 30 години дипломатски односи, засновани на мултилатерална соработка и меѓусебно почитување, додека Шпанија спроведува европска политика која како суштинска компонента го има проширувањето на европското семејство со цел создавање заеднички простор на правила и вредности што ќе ја осигураат благосостојбата на нашите граѓани, информираат од министерството за животна средина и просторно планирање. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива

Post navigation

Previous Пристигна првата пријава за отпад на апликацијата TrashPinger, локацијата ќе се чисти во сабота
Next Естонија прогласена за земја со најчист воздух во светот

Слични вести

Објавени огласите за упис на првачиња, документите ќе се доставуваат во текот на месец мај Објавени огласите за упис на првачиња, документите ќе се доставуваат во текот на месец мај

Објавени огласите за упис на првачиња, документите ќе се доставуваат во текот на месец мај

Охрид домаќин на 91 Средба на правниците, ќе се одржи од 23 до 25 април Охрид домаќин на 91 Средба на правниците, ќе се одржи од 23 до 25 април

Охрид домаќин на 91 Средба на правниците, ќе се одржи од 23 до 25 април

Источен Петок Балаклија: Чудата на Пресвета Богородица со изворот кај Цариград! Источен Петок Балаклија: Чудата на Пресвета Богородица со изворот кај Цариград!

Источен Петок Балаклија: Чудата на Пресвета Богородица со изворот кај Цариград!

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.