Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Ohrid Ultra-Trail 2024: На Галичица ќе трчаат 448 планински тркачи од 35 земји

Ohrid Ultra-Trail 2024: На Галичица ќе трчаат 448 планински тркачи од 35 земји

1 min read

Warning: Attempt to read property "post_excerpt" on null in /home2/totomk/public_html/new.inpress.mk/wp-content/themes/darknews/single.php on line 43

Охрид, 22. мај 2024 (ИНПРЕС) – Рекордни 448 планински тркачи од вкупно 35 земји ќе учествуваат на шестото издание на настанот во планинско трчање Охрид Ултра-Треил, што ќе се одржи на 24-ти и 25-ти мај.

Ќе се одржат пет планински трки на 107, 66, 42, 22 и 10 км со различни временски стартови и локации.

Стартот на трката од 107 км е од градскиот плоштад во 23:00 часот на 24-ти мај. Останатите трки се одржуваат на 25-ти мај. Стартот на 66 км е од Св.Наум во 07:00 часот, на 42 км од Пештани во 09:00 часот, а трките на 22 и 10 км стартуваат од Велгошти од 11:00 односно 10:30 часот. Финишот за сите пет трки ќе биде на градскиот плоштад.

Новина оваа година е јуниор треил трката, наменета за деца од 13 до 18 година, на која ќе учествуваат 60-на тркачи.

Годинава за првпат ќе се организира и Експо, во спортската сала „Билјанини извори“ во петок, 24-ти мај, од 09:00 до 21:00 часот.

Планинското трчање е спорт во голем подем кој започнува се помасовно да се практикува од страна на луѓето особено откако ќе се осознаат неговите вистински долготрајни бенефити по здравјето и психофизичката благосостојба. Целите на овој спортско-рекреативен настан е да се понуди една уникатна планинска авантура на отворено за учесниците која се одвива во недопрените предели на Галичица а воедно и да се промовира културното и природното богатство на охридско-преспанскиот регион кој е заштитен под УНЕСКО.

Приказната на Охрид Ултра-Треил започна во 2019 година како настан со две трки во планинско трчање од 60 и 30 километри, а од првата бројка на учесници – 130 пријавени тркачи, за пет одлични последователни изданија Охрид Ултра-Треил прерасна во препознатлив мултинационален спортски настан што се одвива под отворено небо. Организатори се спортските здуженија Топ Адвенчрс од Охрид и Трекс од Скопје. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива

Post navigation

Previous СОСУ „Св. Кирил и Методиј“ утре ќе го одбележи патрониот празник
Next На звуците од операта „Лилјакот“ охридските матуранти ја одиграа матурската парада (Фото/Видео)

Слични вести

ЈП „Билјанини извори“: Сечењето на дрвата кај каналот „Студенчишта“ е од безбедносни причини ЈП „Билјанини извори“: Сечењето на дрвата кај каналот „Студенчишта“ е од безбедносни причини
1 min read

ЈП „Билјанини извори“: Сечењето на дрвата кај каналот „Студенчишта“ е од безбедносни причини

Забрана за пиење на водата од изворот во Елшани Забрана за пиење на водата од изворот во Елшани
1 min read

Забрана за пиење на водата од изворот во Елшани

Се подобрува водостојот на Охридското Езеро, денес е на кота од 693,63 м.н.в Се подобрува водостојот на Охридското Езеро, денес е на кота од 693,63 м.н.в

Се подобрува водостојот на Охридското Езеро, денес е на кота од 693,63 м.н.в

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.