Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Вечерва изложба на колажи и графики од Ивана Мојсовска Головска и охриѓанката Ема Димовска во Скопје

Вечерва изложба на колажи и графики од Ивана Мојсовска Головска и охриѓанката Ема Димовска во Скопје

1 min read
Вечерва изложба на колажи и графики од Ивана Мојсовска Головска и охриѓанката Ема Димовска во Скопје

Скопје/Охрид, 29. октомври 2025 (ИНПРЕС) – Вечерва од 20:00 часот, во Културно-информативниот центар Скопје ќе биде отворена изложбата на колажи и графики од Ивана Мојсовска Головска и охриѓанката Ема Димовска.

Во интимниот свет на серијата колажи на Ивана Мојсовска Головска, просторот станува и засолниште и замка – псохолошки простор во кој фигурата ја преиспитува сопствената присутност. Во овие надреални сцени, блискоста и изолацијата се две лица на истата желба за поврзување. Свет што се шири до бесконечност, но во себе носи клаустрофобија.

Ивана Мојсовска Головска е визуелен уметник чиј експресивен и експериментален пристап го дефинира нејзиното творештво. Дипломира и магистрира на Факултетот за ликовни уметности во Скопје, на отсек сликарство, каде што и денес живее и работи како независен уметник. Нејзината практика опфаќа различни медиуми, сликарство, колажи, фотографија, инсталациja и сценографиja, преку кои таа често ја прикажува човечката емоционална комплексност во современиот свет. За неа, уметноста е начин за соочување со суровите и длабоко лични вистини на постоењето; нејзините дела ги изразуваат овие емоции преку апстрактни и експресивни форми, интензивирајќи ги чувствата на изолација и одвоеност. Во последните неколку години, Мојсовска го насочува своето внимание кон колажот – медиум што го истражува како простор на интимност, фрагментација и современа осаменост.

До сега има реализирано пет самостојни изложби, и има учествувано на повеќе од дванаесет групни изложби.

Серијата графики на Ема Димовска претставува визуелен запис на внатрешен процес во кој мислата се дели, набљудува и распаѓа. Формата не опишува, туку го анализира мигот на сопственото губење. Линијата и зборот делуваат како две свести што се одвојуваат и повторно се проголтуваат една со друга, создавајќи простор на постојано преклопување. Делата ја откриваат тензијата меѓу субјектот што создава и субјектот што е предмет на сопствено испитување. Таму, во меѓупросторот помеѓу волјата и распадот, уметноста се појавува како доказ дека секое „јас“ е процес, а не форма.

Ема Димовска, родена 1994 година во Охрид дипломирала на Факултетот за ликовни уметности во Скопје во 2019 година, оддел графика. Ја добила наградата за најуспешно графичко дело на изложбата „Студентска графика – Драгутин Аврамовски-Гуте“ (2016). Учествувала на неколку групни изложби во земјава и странство.

Изложбата ќе биде отворена до 8. ноември 2025 година. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива

Post navigation

Previous Славески: СЕПА е историски исчекор кон подлабока европска интеграција на земјава со конкретни придобивки за сегашните и идните генерации
Next Иницијативата „Збогум Буково“ ќе помага во мапирање и чистење на дивите депонии

Слични вести

Здравје: Тренер советува како да уживате во скарата без да се здебелите Здравје: Тренер советува како да уживате во скарата без да се здебелите
1 min read

Здравје: Тренер советува како да уживате во скарата без да се здебелите

Нивото на Охридското Езеро во рамки на априлскиот просек Нивото на Охридското Езеро во рамки на априлскиот просек
1 min read

Нивото на Охридското Езеро во рамки на априлскиот просек

Жителите на дел од населбата Рача неколку часа без вода Жителите на дел од населбата Рача неколку часа без вода

Жителите на дел од населбата Рача неколку часа без вода

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.