Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • ИЈЗ: Минатата недела пријавени 56 нови случаи на грип, во Охрид не се регистрирани заболени

ИЈЗ: Минатата недела пријавени 56 нови случаи на грип, во Охрид не се регистрирани заболени

1 min read

Охрид, 31. октомври 2025 (ИНПРЕС) – Променливото време ја отвори сезоната на грип, а засега според најновиот извештај на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) во Охрид не се регистрирани заболени пациенти.

Во текот на 43-та недела од 2025 година (од 20-ти до 26-ти октомври) во Република Македонија се пријавени 56 случаи на групни пријави за заболени од грип – заболувања слични на грип, 33,3 отсто повеќе во споредба со минатата сезона, се наведува во најновиот извештај на ИЈЗ.

Од нив 48 лица се на возраст од 15-64 години, 5 лица на возраст над 65 години, 2 деца на возраст од 5-14 години и еден случај на возраст од 0-4 години.

– Заболените лица оваа недела се регистрирани во Гостивар – 20, Куманово – 15, Прилеп – 7, Тетово и Радовиш – по 5, Струмица и Македонски Брод – по 2. Пријавената инциденца е под неделната граница на сезонската активност на вирусот на грип, односно сѐ уште не е достигнат прагот на влез во сезоната на грип, стои во извештајот.

Во сезоната 2025/2026 вкупниот број на случаи на грип/заболувања слични на грип изнесува 244. Во споредба со истиот период од минатата сезона, бројот на пријавени случаи е зголемен за 64,9%. Најмногу заболени сезонава се регистрирани минатиот месец.

Од 16-ти октомври започна да се спроведува бесплатната вакцинација против сезонски грип за ризичните групи граѓани, а интересот е голем. Од Центарот за јавно здрвје Охрид информираат дека пријавените генерално се придржуваат на терминот и не се создаваат гужви. За Охрид има 2.000 дози, Струга 1.000 и за Дебар 300, а за аплицирање сите доаѓаат на пунктовите во центарот.

Досега на ниво на Република Македонија со бесплатна вакцина се имунизирани вкупно 31.289 лица од ризичните категории.

Вакцинацијата против сезонски грип е најефикасна мерка за превенција на грип, која спречува појава на потешки форми, компликации и смртен исход особено кај ризичните групи. (Крај)

извор: ИнПрес фото: ИнПрес

Post navigation

Previous Новата песна „Ведро е“ на Тамара Волческа посветена на нејзиниот внук
Next МОН: Од утре започнува аплицирањето за студентски стипендии за академската 2025/2026 година

Слични вести

Објавени огласите за упис на првачиња, документите ќе се доставуваат во текот на месец мај Објавени огласите за упис на првачиња, документите ќе се доставуваат во текот на месец мај

Објавени огласите за упис на првачиња, документите ќе се доставуваат во текот на месец мај

Охрид домаќин на 91 Средба на правниците, ќе се одржи од 23 до 25 април Охрид домаќин на 91 Средба на правниците, ќе се одржи од 23 до 25 април

Охрид домаќин на 91 Средба на правниците, ќе се одржи од 23 до 25 април

Источен Петок Балаклија: Чудата на Пресвета Богородица со изворот кај Цариград! Источен Петок Балаклија: Чудата на Пресвета Богородица со изворот кај Цариград!

Источен Петок Балаклија: Чудата на Пресвета Богородица со изворот кај Цариград!

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.