Охрид, 14. јули 2025 (ИНПРЕС) – Утревечер од 22:00 часот во култниот охридски клуб Jazz Inn ќе се одржи концертна промоција на албумот „Transverse“.
Она што го прави овој настан ексклузивен и неповторлив е дека албумот „Transverse” излезе на 11 јули, а само четири дена подоцна, публиката ќе може целосно да ужива слушајќи го во живо, во интерпретација на американскиот трубач Чед МекКалоу од Чикаго и трите столба на современиот македонски џез: Гордан Спасоски – пијано, Кирил Туфекчиевски – бас и Виктор Филиповски – тапани.
Албумот го отвора песната „Ohrid Lake Lament” – аранжманско видување на Гордан Спасовски на традиционалната македонска песна “Ој ти момче Охриѓанче”.
Осумте песни на албумот прикажуваат композиции напишани специјално за овој ансамбл, комбинирајќи американски џез сензибилитет со македонски етно елементи во она што Спасовски го нарекува „суптилна симбиоза помеѓу современиот џез звук и македонските фолклорни ритми“. За Меккалоу, албумот претставува години развивање на „симбиотски комуникациски стил“ помеѓу професионалци од две многу различни музички сцени.
„Transverse“ претставува и прослава на меѓукултурната музичка размена и документ за четири музичари кои пронашле заедничка основа во нивната заедничка љубов кон креативната импровизација и ритмичката авантура. Резултатот е доказ за моќта на музичкото пријателство што ги надминува границите, јазиците и културните разлики. (Крај)
извор: ИнПрес фото: архива
