Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Народен Театар Охрид за петок ја најавува премиерата на претставата „Парите се отепувачка“ од Ристо Крле

Народен Театар Охрид за петок ја најавува премиерата на претставата „Парите се отепувачка“ од Ристо Крле

1 min read
Народен Театар Охрид за петок ја најавува премиерата на претставата „Парите се отепувачка“ од Ристо Крле

Охрид, 28. октомври 2025 (ИНПРЕС) – Народен Театар Охрид, во петок, 31-ви октомври, во НУ Центар за култура „Григор Прличев“ во Охрид ќе ја игра премиерата на претставата „Парите се отепувачка“ од Ристо Крле, во адаптација и режија на Андреј Цветановски.

Во претставата играат актерите: Стрезо Стаматовски во улогата на Митре, Филип Кипровски е Анѓеле, Марија Новак е Мара, Адријана Билаловиќ – Тодороска е Ката, а Никола Тодороски ќе го игра Софре.

„Парите се отепувачка“ е битово-социјална драма со мотиви од печалбарскиот живот. Темата е животот и трагедијата на едно македонско сиромашно семејство кое е принудено да го испрати својот единствен син на печалба, а идејата е јасно изразена во насловот – проклетството на парите. Дејството се случува во дваесеттите години на XX век, некаде во Западна Македонија.

Сцената, костимите и видео дизајнот се на Сергеј Светозарев, а музиката на Димитар Андоновски.

Почетокот на претставата е во 20:00 часот.

Претпремиерата на претставата е во четврток, 30-ти октомври, во истиот термин. Работно време на билетарата е од 10:00 до 20:00 часот. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива

Post navigation

Previous Проф. д-р Анис Сефиданис претставен во италијанската научна и технолошка тв програма „FvgTech“
Next Славески: СЕПА е историски исчекор кон подлабока европска интеграција на земјава со конкретни придобивки за сегашните и идните генерации

Слични вести

Здравје: Тренер советува како да уживате во скарата без да се здебелите Здравје: Тренер советува како да уживате во скарата без да се здебелите
1 min read

Здравје: Тренер советува како да уживате во скарата без да се здебелите

Нивото на Охридското Езеро во рамки на априлскиот просек Нивото на Охридското Езеро во рамки на априлскиот просек
1 min read

Нивото на Охридското Езеро во рамки на априлскиот просек

Жителите на дел од населбата Рача неколку часа без вода Жителите на дел од населбата Рача неколку часа без вода

Жителите на дел од населбата Рача неколку часа без вода

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.