Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Отворена бесплатна телефонска линија на Народниот правобранител за пријавување повреда на избирачкото право

Отворена бесплатна телефонска линија на Народниот правобранител за пријавување повреда на избирачкото право

1 min read
Отворена бесплатна телефонска линија на Народниот правобранител за пријавување повреда на избирачкото право

Скопје, 1. октомври 2025 (ИНПРЕС) – Во канцеларијата на Народниот правобранител од денеска почна да функционира бесплатна телефонска линија 0800 54321, на којашто граѓаните ќе можат да пријават каква било повреда на нивните права, како за време на одржување на кампањата, така и на деновите на одржување на првиот и вториот круг од Локалните избори 2025 (19 октомври и 2 ноември 2025 година).

По пријавите на граѓаните ќе се постапува веднаш, а сите поплаки што ќе стигнуваат по завршување на работното време, по 16:00 часот, ќе бидат снимени.

Народниот правобранител во функција на заштита и остварување на избирачкото право на граѓаните ќе постапува во најкраток рок до надлежните органи и до другите институции, со барање да постапуваат брзо и ефикасно во процесот на изборите со цел да им обезбедат остварување на загарантираното право на граѓаните.
Исто така, за пријавување на повреди граѓаните можат да се обратат и во шесте подрачни канцеларии секој работен ден од 08:00 до 16:00 часот на следниве телефонски броеви
– Подрачна канцеларија во Струмица 034 329-996,
– Подрачна канцеларија Кичево 045 228-586,
– Подрачна канцеларија Тетово 044 344-082,
– Подрачна канцеларија Битола 047 242-310,
– Подрачна канцеларија Штип 032 389-701 и
– Подрачна канцеларија Куманово 031 431-488. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива

Post navigation

Previous Во петок интерактивен концерт за најмладите со Стела и Сани
Next Црвен крст Охрид го одбележува Меѓународниот ден на старите лица

Слични вести

Здравје: Тренер советува како да уживате во скарата без да се здебелите Здравје: Тренер советува како да уживате во скарата без да се здебелите
1 min read

Здравје: Тренер советува како да уживате во скарата без да се здебелите

Нивото на Охридското Езеро во рамки на априлскиот просек Нивото на Охридското Езеро во рамки на априлскиот просек
1 min read

Нивото на Охридското Езеро во рамки на априлскиот просек

Жителите на дел од населбата Рача неколку часа без вода Жителите на дел од населбата Рача неколку часа без вода

Жителите на дел од населбата Рача неколку часа без вода

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.