Охрид, 14. август 2025 (ИНПРЕС) – Премиерот Христијан Мицкоски денеска ќе изврши увид на градежните активности на делницата од Климештани до Охрид, дел од автопатот Кичево – Охрид.
Увидот ќе биде на локацијата кај натпатникот Подмоље, каде што се одвиваат значајни инфраструктурни зафати.
Премиерот ќе биде придружуван од вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски и директорот на ЈП за државни патишта, Коце Трајановски.
Историската автопатска делница од 57 километри се гради веќе 11 години, а најавите се дека ќе биде комплетно завреша на крајот на идната година. (Крај)
извор: ИнПрес фото: архива
