Охрид, 9. април 2025 (ИНПРЕС) – На 8-ми април 2025 во 11:00 часот, полициски службеници од СВР Охрид лишиле од слобода 26 годишно лице од охридското село Косел.
– При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана, дигитална вага со остатоци од марихуана и други предмети со остатоци од марихуана. Тој бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од МВР. (Крај)
извор: МВР фото: архива
