Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Утре и во четврток полагање на екстерните испити од државната матура во августовската сесија

Утре и во четврток полагање на екстерните испити од државната матура во августовската сесија

1 min read

Скопје, 11. август 2025 (ИНПРЕС) – За матурантите кои во јуни не ги положиле или не во целост двата екстерни испити од државната матура, во августовската испитна сесија ќе ги полагаат на утре, 12-ти и во четврток, 14-ти август.

Утре ќе биде тестирањето по мајчин јазик (македонски, албански, турски, српски) и литература, а во четврток е полагањето на изборниот екстерен испит (математика, англиски јазик, француски јазик, германски јазик, руски јазик, италијански јазик, филозофија, естетика).

Според податоците на Државниот испитен центар (ДИЦ), за двата испитни дена вкупно се пријавени 1118 ученици. Од нив, 352 ќе полагаат македонски јазик, 225 – албански јазик, 9 – турски јазик. Англиски ќе полагаат 779, еден ученик ќе полага француски јазик, двајца – германски јазик, 27 – математика и еден матурант е пријавен да го полага испитот по естетика.

Според видот на образование, од гиманзиско ќе полагаат 265 ученици, средно стручно – 835 и 18 од средно уметничко образование. Испитите во августовскиот рок кандидатите ќе ги полагаат во простории на факултетите.

МОН и ДИЦ деновиве ги соопштија резултатите од спроведената државна матура во јуни. Просечната оценка на успехот од полагањето на двата екстерни испити во јунската сесија е 3.69 и е повисок од минатата година кога средната оценка беше 3.26. Поголем успех е забележан кај мајчините јазици и кај други предмети, а особено по математика за кој средната оценка е 4.14.

Пријавени за полагање во јунскиот рок беа 15.004 ученици. Поради обиди за препишување, употреба на електронски уреди и други неправилности, поништени биле тестовите на 172 ученици. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива

Post navigation

Previous Вечерва свечено доделување на дипломите на матурантите при ОСУ „Св. Климент Охридски“
Next Општина Охрид лани одвоила 322 609 556 денари за јавни набавки

Слични вести

Утре прекин во водоснабдувањето на неколку улици Утре прекин во водоснабдувањето на неколку улици

Утре прекин во водоснабдувањето на неколку улици

Здравје: Прекумерното пиење овошни сокови, според хепатолозите, може да го оштети црниот дроб Здравје: Прекумерното пиење овошни сокови, според хепатолозите, може да го оштети црниот дроб
1 min read

Здравје: Прекумерното пиење овошни сокови, според хепатолозите, може да го оштети црниот дроб

Прекин во водоснабдувањето на улица „Гоце Делчев“ Прекин во водоснабдувањето на улица „Гоце Делчев“

Прекин во водоснабдувањето на улица „Гоце Делчев“

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.