Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Топ Вести
  • Акција за чистење на Охридското Езеро од заостанати рибарски мрежи („мрежи духови“)

Акција за чистење на Охридското Езеро од заостанати рибарски мрежи („мрежи духови“)

1 min read
Акција за чистење на Охридското Езеро од заостанати рибарски мрежи („мрежи духови“)

Мрежи духови заостанати мрежи Охридскоо Езеро чистење ЕКО акција

Охрид, 7. октомври 2024 (ОХРИДПРЕС) – Од 1-ви до 4-ти октомври 2024 година се одржа акција за вадење на заостанати рибарски мрежи (познати како „мрежи духови“) од четири клучни локации на дното на Охридското Езеро.

Од дното на езерото се отстранети вкупно 3.856 метри мрежи, а истите беа презентирани во Хидробиолошкиот завод во Охрид. Во акцијата учествуваа 4 нуркачи, во 98 изведени нуркања со вкупно време на нуркање од 73:38 часа.

Акцијата е организирана од Скопско, во соработка со нуркачкиот клуб „Амфора“ од Охрид.

Мрежите духови се напуштени, изгубени или оставени рибарски мрежи кои продолжуваат да ловат риби, птици и други организми, овие мрежи претставуваат значителна закана за кревките екосистеми на Охридското Езеро. Редовните акции за чистење се клучни за спречување на акумулацијата на мрежи духови. Ако овие мрежи не се отстрануваат редовно, последиците можат да бидат сериозни намалувајќи ги рибните популации и предизвикувајќи долгорочна штета на биодиверзитетот и локалната економија. (Крај)

извор: konekt.mk фото: konekt.mk

Post navigation

Previous Даан го промовираше синглот „Зора“, во дует со Кире Јакимов
Next ОХРИД во 12: Најновите вести од Охрид понеделник 07.10.2024 година (Видео)

Слични вести

Следниот викенд ќе се одржи 7. издание на планинско-езерскиот Фестивал на планината и езерото Следниот викенд ќе се одржи 7. издание на планинско-езерскиот Фестивал на планината и езерото
1 min read

Следниот викенд ќе се одржи 7. издание на планинско-езерскиот Фестивал на планината и езерото

Се спроведуваат научни истражувања на пештерски организми во НП „Галичица“ Се спроведуваат научни истражувања на пештерски организми во НП „Галичица“
1 min read

Се спроведуваат научни истражувања на пештерски организми во НП „Галичица“

Завршува учебната година, учениците одат на летен распуст Завршува учебната година, учениците одат на летен распуст

Завршува учебната година, учениците одат на летен распуст

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.