Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Топ Вести
  • АМСМ: Сообраќајот се одвива непречено по претежно суви коловози

АМСМ: Сообраќајот се одвива непречено по претежно суви коловози

1 min read

Охрид, 1. октомври 2024 (ОХРИДПРЕС) – Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози, информираат од Авто мото сојузот на Република Македонија (АМСМ).

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Од АМСМ препорачуваат прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово-Велес, Маврово-Дебар-Струга, Виница-Берово и Кочани-Делчево.

Сезонски режим на сообраќај:

Патниот правец Охрид-Ресен преку Националниот парк „Галичица“, од 1. април 2024 година е пуштен за сообраќај за сите видови возила со вкупна тежина до 3,5 тони.

Работи на пат во регионот:

На патниот правец Кичево-Охрид, поради градежни работи на повеќе делници, сообраќајот се одвива со девијации. Поставена е соодветна сообраќајна сигнализација и затоа се препорачува строго почитување на истата и прилагодена брзина на движење.

Oд 24-ти октомври 2023 година се започна реконструкцијата на регионалниот пат 1301 (Охрид-Свети Наум). Сообраќајот ќе се одвива непречено и ќе биде регулиран со содветна сообраќајна сигнализација.

Корисни информации:

Сообраќајни прописи во Република Македонија
Патарини во Република Македонија
Видео камери
Информации за патување во странство
Патарини во Европа
Цени на горива (Крај)

извор: АМСМ фото: ОхридПрес

Post navigation

Previous УХМР: Во Охрид денес сончево време со умерена облачност и температура до 21. степени
Next Календар на МПЦ-ОА: Свети Евмениј, епископ Гортински на Крит

Слични вести

Утре Ѓурѓовденската литија по 17-ти пат во Струга Утре Ѓурѓовденската литија по 17-ти пат во Струга
1 min read

Утре Ѓурѓовденската литија по 17-ти пат во Струга

Маркоски за InPress и Супер радио: Сакам подлабоко да го истражам македонското музичко творештво и контекстот во кој се создавало Маркоски за InPress и Супер радио: Сакам подлабоко да го истражам македонското музичко творештво и контекстот во кој се создавало
1 min read

Маркоски за InPress и Супер радио: Сакам подлабоко да го истражам македонското музичко творештво и контекстот во кој се создавало

Монодрамата „Последната ноќ на Јустинијан Први” во понеделник ќе биде изведена во Охрид Монодрамата „Последната ноќ на Јустинијан Први” во понеделник ќе биде изведена во Охрид
1 min read

Монодрамата „Последната ноќ на Јустинијан Први” во понеделник ќе биде изведена во Охрид

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.