Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Атлетичарот Јован Стојоски на подготовки во Охрид, ќе учествува на Европско екипно првенство во Полска

Атлетичарот Јован Стојоски на подготовки во Охрид, ќе учествува на Европско екипно првенство во Полска

1 min read

Охрид, 13. јуни 2023 (ИНПРЕС) – Атлетичарот на АК „Охрид“, Јован Стојоски во Охрид ја „билда“ формата за учество на Европското екипно првенство што претстојниот викенд ќе се одржува во Силесиа, Полска.

Стојоски на ова првенство ќе биде дел од македонската репрезентација, заедно со охриѓанецот Стефан Стефановски. Поради повреда, во Полска нема да патува Блаже Љушев.

Јован Стојоски како член на АК „Охрид“ и како дел од македонската репрезентација има учествувано на бројни атлетски митинзи, на трки во сала и на отворено, Купови, Балкански Европски и Светски првенства и е носител на неколку државни рекорди.

Атлетичарот Јован Стојоски единствен македонски претставник на Светското првенство во Србија
Во февруари лани собори македонскиот државен рекорд стар 35 години во дисциплината 400 метри во сала, на атлетскиот митинг во Будимпешта. Стојоски истрча за време од 47,18 секунди, со што успеа да го надмине својот поранешен тренер Исмаил Мачев кој на истиот митинг во 1987 година истрча за време од 47,49 секунди и три и пол децении го држеше државниот рекорд во оваа дисциплина.

Јован Стојоски денес трча 400 метри на Мундијалот во Доха

Лани постави и нов државен рекорд на 100 метри, на 26-от Меѓународен атлетски митинг во Бар, Црна Гора патеката ја истрча за 10.59 секунди, со што го сруши претходниот национален рекорд 10.61 секунди, а за 11 стотинки го подобри и својот личен рекорд.

Во 2021 година ја претставуваше Македонија на Летните Олимписки Игри во Токио, во дисциплината 400 метри. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива

Post navigation

Previous Успешен настап на атлетичарите на АК „Охрид“ на Купот на Македонија за сениори
Next Пецаков за „Студио 10“: Се постигнаа добри суми по јавното наддавање за закуп на урбана опрема, шанкови во Охрид

Слични вести

Здравје: Нова студија открива што му прави на мозокот една непроспиена ноќ Здравје: Нова студија открива што му прави на мозокот една непроспиена ноќ
1 min read

Здравје: Нова студија открива што му прави на мозокот една непроспиена ноќ

Изложба на трудовите од БИМАС 2025 од утре во куќата на Робевци во Охрид Изложба на трудовите од БИМАС 2025 од утре во куќата на Робевци во Охрид

Изложба на трудовите од БИМАС 2025 од утре во куќата на Робевци во Охрид

Музичкото наследство на Тоше Проески во нова форма – албумот „Игри без граници“ објавен на винил Музичкото наследство на Тоше Проески во нова форма – албумот „Игри без граници“ објавен на винил
1 min read

Музичкото наследство на Тоше Проески во нова форма – албумот „Игри без граници“ објавен на винил

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.