Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Благо намалување на езерскиот водостој, но и натаму е над месечниот просек

Благо намалување на езерскиот водостој, но и натаму е над месечниот просек

1 min read
Благо намалување на езерскиот водостој, но и натаму е над месечниот просек

Охрид, 13. март 2026 (ИНПРЕС) –  Иако последнава недела се бележи благо намалување на водостојот на Охридското Езеро, сепак и понатаму е над просекот за овој период од годината.

Според денешните мерења, нивото е на кота од 693,69 м.н.в што е за 20 сантиметри над просечното ниво за овој месец (693,49 м.н.в) и 59 сантиметри над минимално дозволената кота (693,10 м.н.в). Температурата на езерската вода е 6,5 степени.

И додека лани во овој период нивото на водата беше блиску до дозволениот минимум, годинава ситуацијата е обратна, па езерскиот восостој е многу поблиску до максималната граница, нормативно утврдена на 693,75 метри. За потсетување, алармантна состојба со енормно висок водостој имавме во овој период во 2018 година, кога беше и до 20-на сантиметри над максимумот.

Во Охрид денес сончево време со мала до умерена локална облачност. Ќе дува умерен ветер од променлив правец. Максималната температура ќе се искачи до 14 степени.

– Од сабота следува период на променливо облачно време со сончеви периоди, а претежно во попладневните часови ќе има повремени локални врнежи од дожд. Дневната температура од вторник ќе биде во опаѓање, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи на Република Македонија (УХМР). (Крај)

извор: ИнПрес фото: ИнПрес

Post navigation

Previous Поради извршна постапка попречена продажбата на аудито на Општина Струга
Next Поради дефект жителите на дел од улицата „Гоце Делчев“ без вода

Слични вести

Распишан конкурс за најдобар расказ по повод манифестацијата „Вечер на Живко Чинго“ Распишан конкурс за најдобар расказ по повод манифестацијата „Вечер на Живко Чинго“
1 min read

Распишан конкурс за најдобар расказ по повод манифестацијата „Вечер на Живко Чинго“

Трето издание на „Детски Прличеви беседи“ на 9. jуни Трето издание на „Детски Прличеви беседи“ на 9. jуни
1 min read

Трето издание на „Детски Прличеви беседи“ на 9. jуни

На крај на јуни ќе се одржи петтото издание на Ohrid Wine Festival На крај на јуни ќе се одржи петтото издание на Ohrid Wine Festival
1 min read

На крај на јуни ќе се одржи петтото издание на Ohrid Wine Festival

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.