Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Винилите ја надминаа продажбата на цедеата за првпат од 1987 година

Винилите ја надминаа продажбата на цедеата за првпат од 1987 година

1 min read

Њујорк, 13. март 2023 (ИНПРЕС) – Винилите ја надминаа продажбата на компактните дискови за првпат од 1987 година, објави Американското дискографско здружение (РИАА) во својот годишен извештај.

Продажбата на грамофонските плочи е во пораст 16 години по ред, при што лани биле продадени 41 милион примероци, наспроти 33 милиони цедеа.

Стримингот останува најголемиот двигател на растот на музичката индустрија, учествувајќи со 84% во вкупните приходи, но физичките носачи на звук бележат значителен подем во последните неколку години.

Продажбата на винилите лани пораснала за 17%, до 1,2 милијарди долари, додека истовремено продажбата на цедеата се намалила за 18%, на 483 милиони долари, вели РИАА.

Пандемијата на ковид-19 придонесе да се зголеми побарувачката по винили, особено кај младите купувачи, а музичари како Адел и Тејлор Свифт помогнаа и поп музиката наголемо да се врати на овој формат.

Приходите на музичката индустрија почнаа да се подобруваат во 2016 со ширењето на стриминг платформите како Спотифај и Епл мјузик, кои лани донесоа приходи од 10,2 милијарди долари од 92 милиони претплатници. (Крај)

извор: Сакам да кажам фото: архива

Post navigation

Previous Економско-социјалниот совет денес треба да донесе одлука за висината на минималната плата
Next „Everything Everywhere All at Once“ доминираше на 95-те Оскари

Слични вести

Следниот викенд ќе се одржи 7. издание на планинско-езерскиот Фестивал на планината и езерото Следниот викенд ќе се одржи 7. издание на планинско-езерскиот Фестивал на планината и езерото
1 min read

Следниот викенд ќе се одржи 7. издание на планинско-езерскиот Фестивал на планината и езерото

Се спроведуваат научни истражувања на пештерски организми во НП „Галичица“ Се спроведуваат научни истражувања на пештерски организми во НП „Галичица“
1 min read

Се спроведуваат научни истражувања на пештерски организми во НП „Галичица“

Завршува учебната година, учениците одат на летен распуст Завршува учебната година, учениците одат на летен распуст

Завршува учебната година, учениците одат на летен распуст

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.