Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Во охридските основни училишта се запишани 435 првачиња

Во охридските основни училишта се запишани 435 првачиња

1 min read

Охрид, 6. јуни 2024 (ИНПРЕС) – За учебната 2024/2025 година во охридските основни училишта досега се запишани вкупно 435 првачиња, поделени во 29 паралелки.

Оваа бројка е за 10 помалку во однос на овој период минатата година, а дури 88 помалку во однос на учебаната 2022/2023 година.

Овие бројки се заклучно со 31-ви мај. Најмногу првачиња се запишани во основните училишта „Григор Прличев“ (114) и „Христо Узунов“ (110).

– Во ООУ „Свети Климент Охридски“ запишани се 69, во ООУ „Братство Единство“ – 54, ООУ „Кочо Рацин“ – 33, ООУ „Живко Чинго“ село Велгошти – 28, ООУ „Ванчо Николески“ село Лескоец – 23 и ООУ „Свети Наум Охридски“ село Пештани -14, информираат од локалната самоуправа.

Со оглед на тоа што уписи ќе има и во август се очекува бројот на децата што за првпат ќе седнат во школските клупи да се зголеми. Од локалната информираат дека при уписите била почитувана реонската распределба на ученици. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива

Post navigation

Previous Превенцијата е половина здравје: Бесплатни дерматолошки прегледи во организација на dm дрогерие маркт и во Охрид
Next Отец Димоски: Канонизацијата на Спасе и Спаса Вишенски значи дека црквата во Македонија е жива, ден на нивно празнување ќе биде неделата пред Спасовден

Слични вести

Здравје: Тренер советува како да уживате во скарата без да се здебелите Здравје: Тренер советува како да уживате во скарата без да се здебелите
1 min read

Здравје: Тренер советува како да уживате во скарата без да се здебелите

Нивото на Охридското Езеро во рамки на априлскиот просек Нивото на Охридското Езеро во рамки на априлскиот просек
1 min read

Нивото на Охридското Езеро во рамки на априлскиот просек

Жителите на дел од населбата Рача неколку часа без вода Жителите на дел од населбата Рача неколку часа без вода

Жителите на дел од населбата Рача неколку часа без вода

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.