Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Гости од Србија и Бугарија најбројни во Охрид за Нова година

Гости од Србија и Бугарија најбројни во Охрид за Нова година

1 min read
Гости од Србија и Бугарија најбројни во Охрид за Нова година

Охрид, 11. декември 2023 (ИНПРЕС) – По традиција, најголемиот туристички центар во земјава, Охрид, ќе биде полн за новогодишните празници.

Хотелиерите и угостителите веќе ги прават завршните подготовки за успешен дочек на гостите кои најлудата ноќ одлучија да ја дочекаат на охридското крајбрежје.

Интерес има, дел од хотелите се веќе целосно букирани, а најбројни ќе бидат гостите од соседството, пред сé од Србија и Бугарија, а нема да изостанат и домашните гости.

– Интерес има, ќе престојуваат гости од регионот, Србија, Бугарија, Грција, како и домашни посетители. Полу пансион во двокреветна соба е 150 евра по лице за 2 ноќевања, 216 евра по лице за 3 ноќевања и 280 евра по лице за 4 ноќевања. Новогодишната гала вечера, без сместување, изнесува 55 евра по лице, информираат од „Хотели Метропол“.

– Годинава се одлучивме сместувањето да биде на база ноќевање со појадок или евентуално полупансион, нема да се организира дочек. Инерес има, гостите ќе бидат од Србија и Македонија. Цената е 40 евра по лице за ноќевање со појадок, а за полупансион е 57 евра по лице, велат од хотел „Гранит“.

– Цените се приближни како минатогодишните, гости ќе имаме најчесто од Србија, Бугарија и домашни гости. Интерес има, нудиме дводневни и тридневни аранжмани, предвидена е свечена вечера со музика во живо, имаме подготвено програма, информираат од хотел „Аквалина“.

– Во хотелскиот дел е веќе сѐ продадено, остануваат места уште за ресторанскиот дел за дочекот на 31-ви декември и за 1-ви јануари. Гостите најмногу се од партнери наши од Германија агенции што соработуваме и 90% од Србија, а ќе имаме и гости од Бугарија. Нудиме тридневни аранжмани. За во ресторанскиот дел имаме програма и таму претежно засега гостите се од Србија и други наши клиенти, велат од хотелот „Нова Ривиера“.

И Охрид се подготвува за дочек на најлудата ноќ. Централното градско подрачје е веќе украсено со новогодишни реквизити, а светна и елката на градскиот плоштад. Се очекува во скоро време да биде објавена и програмата и изведувачите што ќе ги забавуваат охриѓани и гостите на Градскиот плоштад за дочекот на највеселата ноќ. (Крај)

извор: ИнПрес фото: ИнПрес

Post navigation

Previous ИЈЗ: Пријавени 62 случаи на сезонски грип, во Охрид и натаму не се евидентирани заболени
Next Од февруари 2024 година нова сезона на проектот Граѓанска наука на НП Галичица

Слични вести

Здравје: Колку се здрави протеинските прашоци? Здравје: Колку се здрави протеинските прашоци?
1 min read

Здравје: Колку се здрави протеинските прашоци?

Голабоска за InPress и Супер радио: Љубовта кон филмот се развиваше во втор план, театарот ми помогна во работата со актерите и градењето на улогите Голабоска за InPress и Супер радио: Љубовта кон филмот се развиваше во втор план, театарот ми помогна во работата со актерите и градењето на улогите
1 min read

Голабоска за InPress и Супер радио: Љубовта кон филмот се развиваше во втор план, театарот ми помогна во работата со актерите и градењето на улогите

„Заборави“ – нова љубовна балада на Мими Јовановска „Заборави“ – нова љубовна балада на Мими Јовановска
1 min read

„Заборави“ – нова љубовна балада на Мими Јовановска

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.