Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • За Србија членството на Косово во УНЕСКО е неприфатливо

За Србија членството на Косово во УНЕСКО е неприфатливо

1 min read

Белград, 27.јули 2015 (ИНПРЕС) – Министерот за надворешни работи на Србија, Ивица Дачиќ испратил писмо до генералниот секретар на ОН Бан Ки-мун по повод барањата на Косово да стане членка на „УНЕСКО“, пишува денеска српскиот весник „Вечерње новости“.

Според Дачиќ за Србија тоа е неприфатливо, бидејќи Косово не може да се смета за држава.

Според зборовите на Дачиќ Србија сé уште не ја промени својата позиција во врска со „статусот на областа“, иако се соочува со барањата на Приштина да стане дел од меѓународните организации, надвор од контекстот на договорот за регионална соработка.

Во исто време е јасно дека Холандија нема да биде против членството на Косово во „УНЕСКО“. Тоа го изјавил холандскиот амбасадор во Србија, Лоран Луис Стоквис, цитиран денеска од српскиот весник „Блиц“.

Според зборовите на Стоквис, Холандија ја призна независноста на Косово и затоа нема ништо против членството на земјата во „УНЕСКО“. Тој, сепак истакнал дека не знае дали Косово ги исполнило критериумите за членство.(Крај)

извор:Плусинфо фото:архива

Post navigation

Previous Малолетник погоден од струја со јачина од 25 000 волти
Next Земјотрес од 4,1 по Рихтер на вториот крак од Халкидики

Слични вести

Прво место за најдобар штанд за учениците од РЦСОО „Ванчо Питошески“ на „Образовно рандеву МАССУМ 2026“ Прво место за најдобар штанд за учениците од РЦСОО „Ванчо Питошески“ на „Образовно рандеву МАССУМ 2026“
1 min read

Прво место за најдобар штанд за учениците од РЦСОО „Ванчо Питошески“ на „Образовно рандеву МАССУМ 2026“

Продолжува програмата за одбележување на годишнината од смртта на Христо Узунов Продолжува програмата за одбележување на годишнината од смртта на Христо Узунов
1 min read

Продолжува програмата за одбележување на годишнината од смртта на Христо Узунов

Здравје: Колку брзо треба да истрчате еден километар според вашата возраст? Здравје: Колку брзо треба да истрчате еден километар според вашата возраст?
1 min read

Здравје: Колку брзо треба да истрчате еден километар според вашата возраст?

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.