Охрид, 7. октомври 2024 (ОХРИДПРЕС) – Еден од најважните начини на кои можеме да се грижиме за целокупното здравје, особено ако се обидуваме да изгубиме тежина, е подготовката на оброците.
Иако јаглехидратите често се препорачува да се избегнуваат, исклучително е важно да ги вклучите во вашите оброци, доколку сакате да го нахраните вашето тело и да го одржувате здраво. Се разбира, не сите јаглехидрати се еднакви, а избегнувањето на преработени јаглехидрати и изборот на здрави, цели зрна е секогаш најдобрата опција.
Диететичарите и нутриционистите откриваат кои здрави јаглехидрати можеме да ги додадеме во исхраната кога се обидуваме да изгубиме тежина.
Леб од никнати зрна
Многу видови леб, како што е белиот леб, носат сериозни здравствени последици, доколку се консумираат прекумерно. Сепак, лебот од никнати зрна е исклучок, особено кога станува збор за шеќерот во крвта и губење на тежината. Овој леб обезбедува совршена рамнотежа на сложени јаглехидрати, поттикнува стабилно ниво на шеќер во крвта и помага при управувањето со тежината.
Киноа
Се смета за суперхрана и се издвојува како фантастична опција за здрави јаглени хидрати. Ова цело зрно е добар извор на влакна и протеини за оптимална контрола на шеќерот во крвта. Покрај влакна, киноата е одличен извор на протеини и ги содржи сите девет есенцијални амино киселини. Протеинот е познат по својата улога во промовирање на ситост и зачувување на мускулната маса за време на губење на тежината. Со вклучување на киноа во оброците, можеме да го подобриме вкупниот внес на протеини, што помага во одржување на здрав метаболизам и го поддржува губењето на тежината. Разновидноста на киноата ја прави фантастичен избор за консумирање во текот на денот.
Овесна каша од цели зрна
Јадењето овесна каша од цели зрна е одличен начин да го одржите шеќерот во крвта стабилен и да изгубите на тежина. Ваквата овесна каша е одлична опција што полека се вари и обезбедува постепено ослободување на гликоза во крвотокот, помагајќи да се стабилизира шеќерот во крвта.
Бобинки
Иако бобинките обично не се сметаат за вообичаен извор на јаглехидрати, нутриционистите ги сметаат за врвен избор на здрави јаглехидрати за луѓето со отпорност на инсулин. Бобинките се преполни со влакна и антиоксиданси, што ги прави моќен сојузник во промовирањето на оптимална контрола на шеќерот во крвта. Без разлика дали се додаваат во чинија јогурт или смути, како дедаток на овесната каша или се уживаат самостојно како закуска со грст индиски ореви, бобинките се вкусно и хранливо решение за задоволување на нашите желби, додека ги поддржуваат и нашите здравствени цели. (Крај)
извор: index.hr фото: index.hr
