Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Иновативни кореографии, магија на сцена на годишниот концерт на студиото за танц „Соната“ (Фото)

Иновативни кореографии, магија на сцена на годишниот концерт на студиото за танц „Соната“ (Фото)

1 min read

Охрид, 16. јуни 2023 (ИНПРЕС) – Уникатна мултимедијална претстава, што изобилуваше со неверојатни светлосни ефекти, филм, музика и секако – танц, во ова уживаше публиката присутна на синоќешниот годишен концерт на студиото за танц „Соната“ од Охрид.

Двата концерти беа распродадени, а по четири години „Некои нови дечки“ се вратија онаму каде што припаѓаат – на сцена.

Можеше да се погледнат иновативни кореографии, уникатни костими, магија на сцена придружена со специјални светлосни ефекти и визуелизации.

Дека заслужено настапуваат и ги собираат наградите на престижни натпревари во и надвор од земјава, покажаа и пред охридската публика. Изведбите на класичниот балет, современиот танц, латино танците и хипхопот со одлични кореографии, специјално подготвени за концертот, ја воодушевија публиката која со овации и аплаузи ги поздрави учесниците.

За следната танцова сезона која започнува од 1-ви септември, од „Соната“ најавија многу патувања, натпревари и концерти. (Крај)

извор: ИнПрес фото: ИнПрес

Post navigation

Previous Професионалниот велосипедист, стружанецот Димитар Јованоски учествува на „Tour of Slovenia”
Next Лани во Охрид се родиле 414 бебиња и негативен природен прираст преку цела година

Слични вести

Охрид домаќин на 91 Средба на правниците, ќе се одржи од 23 до 25 април Охрид домаќин на 91 Средба на правниците, ќе се одржи од 23 до 25 април

Охрид домаќин на 91 Средба на правниците, ќе се одржи од 23 до 25 април

Источен Петок Балаклија: Чудата на Пресвета Богородица со изворот кај Цариград! Источен Петок Балаклија: Чудата на Пресвета Богородица со изворот кај Цариград!

Источен Петок Балаклија: Чудата на Пресвета Богородица со изворот кај Цариград!

Здравје: Кафе на празен стомак – да или не? Здравје: Кафе на празен стомак – да или не?
1 min read

Здравје: Кафе на празен стомак – да или не?

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.