Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Топ Вести
  • Календар на МПЦ-ОА: Свети апостол Кодрат

Календар на МПЦ-ОА: Свети апостол Кодрат

1 min read
Календар на МПЦ-ОА: Свети апостол Кодрат

Календар на МПЦ-ОА: Свети апостол Кодрат

Охрид, 4. октомври 2024 (ОХРИДПРЕС) – Православните верници денеска го празнуваат споменот на Свети апостол Кодрат.

Еден од Седумдесетте. Ученик на големите апостоли. Го проповедаше Евангелието во Атина и беше епсикоп: најнапред во Атина (после свети Публиј), а потоа во градот Магнезија. Беше многу учен во светската мудрост и богат со благодатта на Светиот Дух.

Неговиот животописец за него вели: „Беше како утринска ѕвезда сред облаци (Сирах 8, 6); облаците беа темното елинско незнабоштво, без светлоста на благочестието, а светиот апостол Кодрат низ словото Божјо им заблесна на Елините како голема светлина, ја осветли темнината, ги симна скверните жртви, ги разурна идолите и демонските храмови ги разори со молитва.

Но, темнината секогаш ја мрази светлината, па така и незнабошците го замразија свети Кодрат, та по ова го фрлија в затвор и не му даваа леб сè додека не ја испушти својата света душа и не се пресели во Царството на својот Бог Христос. Свети Кодрат напиша одбрана на христијанството и му ја предаде на царот Адријан.

Таа одбрана толку подејствува на незнабожечкиот цар, што овој нареди христијаните да не се прогонуваат без особена вина. Свети Кодрат пострада околу 130. година. Погребан е во Магнезија, градот во кој го заврши животот маченички.

Тропар

Светлината Христова преку тебе, о Апостоле Кодрате, го посрами мудрувањето елинско, но гордоста на тие што седат во смртна сенка удри по телото. Темнината незнаејќи дека словото е храна за верниот во Христа, сама ја раздра својата наметка, и затоа спасението по твоите молитви за нас е верно во Господа. Слава Тебе, Боже, за Твоето долготрпение. (Крај)

извор: mpc.org.mk фото: архива

Post navigation

Previous АМСМ: Сообраќајот се одвива непречено, нема подолги задржувања на граничните премини
Next Црвен крст ќе врши увежбување за примена на плановите за заштита, спасување и евакуација во основните и средните училишта во Охрид и Дебрца

Слични вести

Објавени огласите за упис на првачиња, документите ќе се доставуваат во текот на месец мај Објавени огласите за упис на првачиња, документите ќе се доставуваат во текот на месец мај

Објавени огласите за упис на првачиња, документите ќе се доставуваат во текот на месец мај

Охрид домаќин на 91 Средба на правниците, ќе се одржи од 23 до 25 април Охрид домаќин на 91 Средба на правниците, ќе се одржи од 23 до 25 април

Охрид домаќин на 91 Средба на правниците, ќе се одржи од 23 до 25 април

Источен Петок Балаклија: Чудата на Пресвета Богородица со изворот кај Цариград! Источен Петок Балаклија: Чудата на Пресвета Богородица со изворот кај Цариград!

Источен Петок Балаклија: Чудата на Пресвета Богородица со изворот кај Цариград!

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.