Охрид, 8. април 2026 (ИНПРЕС) – Нови мостови на културата, театрите од Охрид и Никшиќ ја зацврстуваат соработката.
Директорот на театарот од Никшиќ, Радинко Крулановиќ, престојуваше во работна посета на Охрид, каде што беше договорена значајна соработка со Центарот за култура „Григор Прличев“ и Народниот театар Охрид, предводени од директорот Горан Стојаноски.
За време на посетата, беше организиран и прием кај градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков. На состанокот беше потврдена подготвеноста за соработка на сите полиња во културата, со посебен акцент на размена на театарски претстави и заеднички проекти.
Она што особено радува е најавата дека оваа соработка во наредниот период ќе се прошири и на ниво на двата града, зајакнувајќи ги врските меѓу Никшиќ и Охрид. (Крај)
извор: ИнПрес фото: архива
