Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Топ Вести
  • Македонскиот Црвен крст организира собирање помош за настраданото население од поплавите во Босна и Херцеговина

Македонскиот Црвен крст организира собирање помош за настраданото население од поплавите во Босна и Херцеговина

1 min read

Скопје, 5. октомври 2024 (ОХРИДПРЕС) – Македонскиот Црвениот крст организира собирање помош за настраданото население од поплавите во Босна и Херцеговина.

Интензивните врнежи од дожд, кои зафатија делови од Босна и Херцеговина, предизвикаа поплави и лизгање на земјиштето, одземајќи човечки животи и огромни материјални штети. Повеќе од 20 станбени единици се целосно уништени, а животот и здравјето на стотици домаќинства се во голем ризик. Согласно досегашните информации изгубени се 24 животи и непознат број на исчезнати. Црвениот крст на Босна и Херцеговина, ги активираше сите расположливи капацитети, со цел спречување и ублажување на човековото страдање и заштита на животот, здравјето и човечкото достоинство. Согласно обемот и интензитетот на настаната катастрофа потребна е дополнителна помош и поддршка.

– Црвениот крст на Република Македонија веднаш стапи во контакт со Црвениот крст на Босна и Херцеговина и согласно нивната проценка на потреби, понудена е помош во материјално технички и човечки ресурси за справување со последиците предизвикани од поплавите. Од своите резерви Црвениот крст на РМ извои парични средства во висина од 10.000 евра како првична помош за настраданото население. Ве повикуваме уште еднаш да ја покажеме нашата солидарниот да и им помогнеме на настраданите. Сите заинтересирани правни субјекти и граѓани можат да донираат парична помош на:
– Сметката на Фондот на солидарноста на Црвениот крст на РМ: 300000001327966, даночен број: 4030984271620 АД Комерцијална банка со назнака: помош за справување со последиците од пожарите.
– како и да се донираат 100 денари со повик на телефонските броеви 143-400 на Македонски Телеком и А1, информираат од македонскиот Црвен крст.

За донации на средства во странска валута:
NAME OF THE ORGANIZATION: RED CROSS OF THE REPUBLIC OF NORTH MACEDONIAN
BANK NAME: KOMERCIJALNA BANKA AD SKOPJE
BANK ADDRESS: UL. ORCE NIKOLOV NO.3, 1000 SKOPJE, MACEDONIA
BANK ACCOUNT: 300000000000133 25730522-11
SWIFT CODE: KOBSMK2X
IBAN CODE: MK07300701000001228 (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

Post navigation

Previous Изминатите 24 часа во Охрид наврнаа 44,9 l/m² воден талог
Next Бајага по 40 години постоење: Не планиравме да издржиме толку долго, тука сме поради љубовта кон оваа работа

Слични вести

Објавени огласите за упис на првачиња, документите ќе се доставуваат во текот на месец мај Објавени огласите за упис на првачиња, документите ќе се доставуваат во текот на месец мај

Објавени огласите за упис на првачиња, документите ќе се доставуваат во текот на месец мај

Охрид домаќин на 91 Средба на правниците, ќе се одржи од 23 до 25 април Охрид домаќин на 91 Средба на правниците, ќе се одржи од 23 до 25 април

Охрид домаќин на 91 Средба на правниците, ќе се одржи од 23 до 25 април

Источен Петок Балаклија: Чудата на Пресвета Богородица со изворот кај Цариград! Источен Петок Балаклија: Чудата на Пресвета Богородица со изворот кај Цариград!

Источен Петок Балаклија: Чудата на Пресвета Богородица со изворот кај Цариград!

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.