Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Министерство за економија: Акцијата „Новогодишна кошница“ беше успешна и придонесе за намалување на цените

Министерство за економија: Акцијата „Новогодишна кошница“ беше успешна и придонесе за намалување на цените

1 min read

Скопје, 15. јануари 2025 (ИНПРЕС) – Министерството за економија и труд информира дека денеска завршува акцијата „Новогодишна кошница“ креирана на предлог на бизнисот, а започна да се применува од 15 декември 2024 година, па сѐ денес.

Оценката на ресорното министерство е дека истата била успешна и придонела за намалување на цените на производите вклучени во истата.

– Според Државниот завод за статистика од податоците за Индекси на трошоците на животот и на цените на мало за декември се забележува дека инфлацијата во 2024 година споредено со 2023 година изнесува 3,5% како што беше и проектирано. На месечно ниво пак во декември 2024, споредено ноември 2024 година инфлацијата изнесува 0,3%. Податоците на статистика покажуваат дека во декември 2024 година во однос на ноември 2024 година намалувањето на трошоците за живот кај храна и безалкохолни пијалоци изнесува -0,3%, стои во соопштението на министерството.

Додаваат дека ова покажува дека новогодишната кошница каде што беа вклучени во најголем дел прехранбени и безалкохолни пијалоци го дала својот ефект и цените на храната и пијалоците во декември 2024 година бележат намалување во однос на ноември 2024 година.

– Се очекува и во статистичките податоци за месец јануари 2025 година во однос на декември 2024 година, да се потврдат ефектите од новогодишната кошница, односно да се оствари дополнително намалување на трошоците за живот кај храна и безалкохолни пијалоци, веалт од министерството.

Оттаму потенцираат дека во наредниот период ќе продолжат да креираат мерки и политики што ќе значат заштита на стандардот на граѓаните. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива

Post navigation

Previous ЦУК: Патниот правец за селото Горна Белица не е прооден
Next Во сабота Голем Богојавленски водосвет во црквата„Свети Никола Геракомија”, во недела богослужби во сите парохиски цркви

Слични вести

Објавени огласите за упис на првачиња, документите ќе се доставуваат во текот на месец мај Објавени огласите за упис на првачиња, документите ќе се доставуваат во текот на месец мај

Објавени огласите за упис на првачиња, документите ќе се доставуваат во текот на месец мај

Охрид домаќин на 91 Средба на правниците, ќе се одржи од 23 до 25 април Охрид домаќин на 91 Средба на правниците, ќе се одржи од 23 до 25 април

Охрид домаќин на 91 Средба на правниците, ќе се одржи од 23 до 25 април

Источен Петок Балаклија: Чудата на Пресвета Богородица со изворот кај Цариград! Источен Петок Балаклија: Чудата на Пресвета Богородица со изворот кај Цариград!

Источен Петок Балаклија: Чудата на Пресвета Богородица со изворот кај Цариград!

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.