Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Топ Вести
  • Младите охридски музичарки Лина Николеска, Антица Николоска и Ана Кузманоска вечерва ќе настапат на фестивалот „Златна лира“ во Скопје

Младите охридски музичарки Лина Николеска, Антица Николоска и Ана Кузманоска вечерва ќе настапат на фестивалот „Златна лира“ во Скопје

1 min read
Младите охридски музичарки Лина Николеска, Антица Николоска и Ана Кузманоска вечерва ќе настапат на фестивалот „Златна лира“ во Скопје

Охрид, 20. октомври 2024 (ОХРИДПРЕС) – Клавирското трио од Охрид, составено од Лина Николеска на виолина од класата на проф. Христина Пецакова- Николеска, Антица Николоска на виолина од класата на проф. Мухамед Бајрам и Ана Кузманоска на пијано од класата на проф. Ана Ѓоргиоска, вечерва ќе настапат со сопствен концерт на престижниот музички фестивал „Златна лира“.

Правото на настап на овој реномиран фестивал, нашите млади музичари го добија на покана на Сојузот на музички уметници на Република Македонија, после освоената прва награда на годинешниот меѓународен натпревар „Охридски бисери“, што се одржа во црквата „Св. Софија“ во Охрид.

Концертот ќе се одржи вечерва, недела, 20-ти октомври со почеток во 20:00 часот, во Музејот на револуционерна борба во Скопје.

Фестивалот „Златна лира“ важи за престижен и реномиран фестивал на кој учество земаат исклучителни уметници, кои настапуваат со самостојни концерти. Во програмата за оваа година се вметнати врвни инструменталисти и оперски пеjачи, меѓу кои се и нашите млади и талентирани музичарки. Оваа привилегија да ја делат сцената со најголемите имиња од македонската класична музичка сцена, претставува голем успех и можност да се стекнат со огромно искуство, што ќе им користи во нивното понатaмошно музичко образование и кариера.

Ана, Лина и Антица годинава настапија и на меѓународниот фестивал Тартини во Пиран, Словенија, на кој освоија висока втора награда. Тие се вистински претставници на културно-музичкиот живот на Охрид и наши музички амбасадори низ светот. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

Post navigation

Previous New Order објавија ремастеризирана верзија од албумот „Brotherhood“ од 1986 година
Next Денеска поетски перформанс со американска поезија и авторката Jennifer Maloney во Охрид

Слични вести

Нивото на Охридското Езеро во рамки на априлскиот просек Нивото на Охридското Езеро во рамки на априлскиот просек
1 min read

Нивото на Охридското Езеро во рамки на априлскиот просек

Жителите на дел од населбата Рача неколку часа без вода Жителите на дел од населбата Рача неколку часа без вода

Жителите на дел од населбата Рача неколку часа без вода

Повторно мапирани диви депонии во населбите Воска и Даљан, подигнати 55 м³ кабаст и зелен отпад Повторно мапирани диви депонии во населбите Воска и Даљан, подигнати 55 м³ кабаст и зелен отпад
1 min read

Повторно мапирани диви депонии во населбите Воска и Даљан, подигнати 55 м³ кабаст и зелен отпад

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.