Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Мото дефиле на моторциклисти од ИПА асоцијацијата во Охрид

Мото дефиле на моторциклисти од ИПА асоцијацијата во Охрид

Охрид, 15. септември 2023 (ИНПРЕС) – Педесетина моторциклисти, членови на Интернационалната полициска асоцијација (ИПА) од Националните секции на Србија, Хрватска и Македонија, денеска напладне доаѓаат во Охрид.

– Кај Подмолје тие ќе бидат пречекани од членови на мото секцијата на ИПА Охрид како и од членови на мото клубовите од Охрид. Оттука, ќе започне заедничкото мото дефиле кое, ќе се одвива по булеварите „Туристичка“ и „Македонски просветители“ до градското пристаниште каде е предвидена и изјава за новинарите. Моторџиите од ИПА Националните секции на Србија и Хрватска, доаѓаат во македонија на покана на ИПА Македонија во рамките на Меѓународниот караван на пријателството. Тие вчера пристигнаа во Скопје каде, денеска ќе го одржат мото дефилето по што преку Тетото, Гостивар и Кичево, караванот го продолжуваат во Охрид. Во древниот Охрид, ќе ги разгледаат и најзначајните културно историски знаменитости и локалитети на градот, информираат органзиаторите.

Меѓународниот караван на пријателството во чие одржување значајна улога има и МВР и СВР Охрид, моторџиите од ИПА националните секции на Србија, Хрватска и Македонија, ќе го продолжат кон Битола и Прилеп.

извор: ИнПрес фото: архива

Post navigation

Previous Свети маченик Мамант
Next Јавна расправа по Нацрт Законот за прогласување на Охридското Езеро за заштитено подрачје во Струга

Слични вести

Охриѓанецот Петар Гавриловски освои втора награда на International youth music competitions во САД, во септември ќе настапи во Њујорк Охриѓанецот Петар Гавриловски освои втора награда на International youth music competitions во САД, во септември ќе настапи во Њујорк
1 min read

Охриѓанецот Петар Гавриловски освои втора награда на International youth music competitions во САД, во септември ќе настапи во Њујорк

Вториот  турнир од Јадранската текбол лига утре во Охрид, ќе учествува и охриѓанецот Димитар Пејчиновски Вториот  турнир од Јадранската текбол лига утре во Охрид, ќе учествува и охриѓанецот Димитар Пејчиновски

Вториот  турнир од Јадранската текбол лига утре во Охрид, ќе учествува и охриѓанецот Димитар Пејчиновски

Почнува уписот во средните училишта, во Охрид може да се запишат 697 полуматуранти Почнува уписот во средните училишта, во Охрид може да се запишат 697 полуматуранти
1 min read

Почнува уписот во средните училишта, во Охрид може да се запишат 697 полуматуранти

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.