Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • „Не пиј кога возиш“, превентивна активност на СВР Охрид

„Не пиј кога возиш“, превентивна активност на СВР Охрид

1 min read
„Не пиј кога возиш“, превентивна активност на СВР Охрид

Охрид, 11. февруари 2025 (ИНПРЕС) – Отсекот за превенција при СВР Охрид, на подрачјето на Охрид, ја реализираше едукативно-превентивната кампања – „Не пиј кога возиш“.

Целта на кампањата е насочена кон подигнување на степенот на безбедносна култура и на свеста кај граѓаните за зголемена внимателност и будност кај сите учесници во сообраќајот а пред се кај возачите на моторни и други возила што треба да придонесе за повисока безбедност во сообраќајот.

– Полициските службеници од Отсекот за превенција, во соработка со полициската станица за безбедност во сообраќајот на патиштата Охрид и со Републичкиот совет за безбедност на сообраќај на патиштата, на повеќе пунктови во градот и во приградските населби, на возачите на моторни возила и другите учесници во сообраќајот, низ непосредна комуникација им укажуваа на доследно придржување кон правилата и прописите во сообраќајот, почитување на поставената сообраќајна хоризонтална и вертикална сигнализација, исклучиво придржување кон дозволената брзина на движење со моторни возила и некористење мобилни телефони во текот на возењето. Посебно беше посочено дека, управување моторно возило под дејство на алкохол нема да биде толерирано и дека законските санкции, во такви случаи, ќе бидат доследно и неселективно применувани, информираат од МВР.

На возачите на моторни возила, им беа поделени летоци и друг едукативен материјал со низа практични совети кои водат кон јакнење на личната, но и на безбедноста на другите учесници во сообраќајот.

Истовремено и полициски службеници од полициската станица за безбедност во сообраќајот на патиштата при ОВР Кичево, на подрачје на Кичево ја спроведоа едукативно-превентивната кампања „Паркирај совесно, паркирај одговорно”. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива

Post navigation

Previous ЗЕЛС ја прифати иницијативата на Герасимовски – малолетниците што вандализираат да вршат општокорисна работа
Next ИЈЗ: Нови 4 случаи на Covid-19, еден регистриран во Струга

Слични вести

Утре ќе се подигнува селектиран отпад од неколку охридски улици Утре ќе се подигнува селектиран отпад од неколку охридски улици
1 min read

Утре ќе се подигнува селектиран отпад од неколку охридски улици

Здравје: Едноставни совети од лекарите за квалитетен и подобар сон Здравје: Едноставни совети од лекарите за квалитетен и подобар сон
1 min read

Здравје: Едноставни совети од лекарите за квалитетен и подобар сон

Утре започнува 91 Средба на правниците во Охрид Утре започнува 91 Средба на правниците во Охрид

Утре започнува 91 Средба на правниците во Охрид

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.