Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Топ Вести
  • Николоски: Поголемиот дел од автопатот Охрид-Кичево ќе биде во функција до почетокот на следната летна сезона

Николоски: Поголемиот дел од автопатот Охрид-Кичево ќе биде во функција до почетокот на следната летна сезона

1 min read
Николоски: Поголемиот дел од автопатот Охрид-Кичево ќе биде во функција до почетокот на следната летна сезона

Александар Николоски ВМРО-ДПМНЕ

Скопје/Охрид, 3. октомври 2024 (ОХРИДПРЕС) – До почетокот на следната летна сезона се очекува да биде ставен во функција поголемиот дел од автопатот Охрид-Кичево, делот од Врбјани и Арбиново до Охрид, со мал прекин кај селотот Ботун, рече денеска вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски.

Тој информира дека кредитот за реализација на овој проект е ефективен и средствата се одобрени. Според него, изведувачите последен пат имале видено пари минатиот ноември и тоа е една од причините што изградбата на автопатот е заглавена.

– Очекувам од 7-ми октомври средствата да се стават на располагање на изедувачите што ќе ја зголеми динамиката на изведба на автопатот Охрид-Кичево. Во таа насока правиме измени на Законот за експропријација во делот на оставинските постапки кои се голем проблем за реализирање инфраструктруни проекти. Сакам да ја информирам јавноста дека конечно се ефектуираше Анексот 6 што беше потпипшан во 2023 година, за дополнителните средства за изградба на автопатот Охрид-Кичево. Изведувачите последен пат имаа видено пари минатиот ноември. Од тогаш до денес не е ништо платено. Кој би работел една година без пари? Тоа е една од причините што овој проект е заглавен. Во комуникација со Ексим банката успеавме да ја завршиме целата документација. Добив информација минатиот четврток дека кредитот е ефективен, средтсвата се одобрени, истакна Николоски.

Тој на почетокот кажа дека Министерството со кое раководи наследило тешка ситуација и празен буџет.

– Буквално третиот ден се соочив со ревизорскиот извештај за работењето на ЈП за државни патишта и двете железнички претпријатија. Го доставв до ЈО, но до денес немам информација дека ЈО постапило иако се работи за многу сериозни наоди, потенцира министерот. (Крај)

извор: МИА фото: архива

Post navigation

Previous До Основниот граѓански суд Охрид минатата година биле поднесени 23 претставки, најмногу во државата после Скопје
Next Билтен на СВР Охрид: Полицијата пронајде марихуана и грендер во домот на 46-годишен охриѓанец

Слични вести

Објавени огласите за упис на првачиња, документите ќе се доставуваат во текот на месец мај Објавени огласите за упис на првачиња, документите ќе се доставуваат во текот на месец мај

Објавени огласите за упис на првачиња, документите ќе се доставуваат во текот на месец мај

Охрид домаќин на 91 Средба на правниците, ќе се одржи од 23 до 25 април Охрид домаќин на 91 Средба на правниците, ќе се одржи од 23 до 25 април

Охрид домаќин на 91 Средба на правниците, ќе се одржи од 23 до 25 април

Источен Петок Балаклија: Чудата на Пресвета Богородица со изворот кај Цариград! Источен Петок Балаклија: Чудата на Пресвета Богородица со изворот кај Цариград!

Источен Петок Балаклија: Чудата на Пресвета Богородица со изворот кај Цариград!

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.