Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Новогодишен концерт „Фатил сокол еребица” на КУД ,,Дримкол” од Вевчани

Новогодишен концерт „Фатил сокол еребица” на КУД ,,Дримкол” од Вевчани


Warning: Attempt to read property "post_excerpt" on null in /home2/totomk/public_html/new.inpress.mk/wp-content/themes/darknews/single.php on line 43

Вевчани, 11. јануари 2024 (ИНПРЕС) – Вечерва во 19:00 часот во Милтикултурниот центар ,,Коста Србакоски” во Вевчани ќе се одржи премиерата на новогодишниот концерт насловен ,,Фатил Сокол еребица” на КУД ,,Дримкол” од Вевчани. 

Концертот синоќа ја имаше својата предпремиера на која присуствуваше многу бројна публика. Програмата ја сочинуваат роднокрајни народни песни обработени и под диригенство на учителот Аргил Мукоски од Вевчани, а во изведба на членови на првиот фолклорен ансамбал, на младинскиот ансамбал и на оркестарот на КУД ,,Дримкол”.

– Многу сум среќен што имам прилика да работам со вакви талентирани уметници какви што се членовите на Дримкол. Вечерашнава програма ја сочинуваат традиционални песни кои сум ги собирал за време на мојот работен век како учител по музичко образование. Помеѓу хорските изведби се ставени и три ороводни песни на кои девојките од младинскиот ансамбал играат со оригиналните чекори од терен кои ги поставивме заедно со мојата сопруга Звезда. Вечерашниов концерт го посветувам на 50 години активна работа на КУД ,,Дримкол” од Вевчани, истакна синоќа во обраќањето учителот Аргил Мукоски, наставник по музичко во пензија, основач и првиот раководител на КУД ,,Дримкол” од Вевчани.

Обработка и изведба на хорски вокални напеви за прв пат се поставуваат на репертоарот на „Дримкол“ со што ова друштво уште еднаш ја потврдува својата инвентивност, сериозност и професионалност при работењето. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива

Post navigation

Previous Прекин во водоснабдувањето во населбата Црногорци
Next ГФК Охрид Лихнидос започна со подготовки за пролетниот дел од сезоната

Слични вести

Здравје: Тренер советува како да уживате во скарата без да се здебелите Здравје: Тренер советува како да уживате во скарата без да се здебелите
1 min read

Здравје: Тренер советува како да уживате во скарата без да се здебелите

Нивото на Охридското Езеро во рамки на априлскиот просек Нивото на Охридското Езеро во рамки на априлскиот просек
1 min read

Нивото на Охридското Езеро во рамки на априлскиот просек

Жителите на дел од населбата Рача неколку часа без вода Жителите на дел од населбата Рача неколку часа без вода

Жителите на дел од населбата Рача неколку часа без вода

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.