Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Од 600 до 800 денари субвенции за сметките за струја на домаќинствата со ниски приходи, да се аплицира до крајот на февруари

Од 600 до 800 денари субвенции за сметките за струја на домаќинствата со ниски приходи, да се аплицира до крајот на февруари

1 min read

Скопје, 7. февруари 2023 (ИНПРЕС) – Продолжува субвенционирањето на сметките за струја на најранливите категории граѓани. Годинава за оваа мерка се предвидени 60 милиони денари или еден милион евра.

Како што соопшти денеска министерот за економија Крешник Бектеши, субвенцијата ќе изнесува 600 до 800 денари, а јавниот повик е веќе објавен на веб-страницата на Министерството за економија и сите граѓани кои ги исполнуваат условите може да аплицираат најдоцна до крајот на февруари.

– За самец со приходи до 18.000 денари денари, за домаќинство со два члена до 25.000 денари, за домаќинство до три члена до 30.000 денари намалувањето на сметката ќе биде 600 денари, додека за домаќинство со четири члена со приходи до 36.000 денари и за домаќинство со пет члена и повеќе члена до 43.000 денари намалувањето на сметката ќе биде 800 денари – рече Бектеши на прес-конференција во Владата.

Според него, оваа мерка годинава е проширена со други социјално ранливи категории лица како што се корисници на правото на надоместок поради попреченост, самохрани родители кои не се евидентирани корисници на гарантирана минимална помош и корисници на право на надомест за телесно оштетување.

– Новина е и што доколку овие домаќинства направат заштеда на електрична енергија од 10 отсто споредено со истиот период минатата година, тогаш ќе имаат дополнително 200 до 300 денари намалување на сметката за електрична енергија во зависност од категоријата – рече Бектеши.

Минатата година преку оваа мерка беа субвенционирани 4 379 домаќинства, а се исплатија вкупно 33 милиони денари, додека годинава се очекува да бидат поддржани над 8 500 домаќинства..

– Фокус на Министерството за економија во 2023 година ќе биде енергетиката и справувањето со енергетската криза. Согласно буџетот за оваа намена преку мерките и програмите на Министерството за економија се обезбедени вкупно 200 милиони денари односно 3,2 милиона евра, што е три пати повеќе споредено со претходната година – подвлече Бектеши. (Крај)

извор: Нова Македонија фото: архива

Post navigation

Previous МНР: Деветте македонски државјани затекнати во Турција се на безбедно и ќе го продолжат патот кон дома
Next ДПИ: Граѓаните да бидат особено внимателни пред да извршат онлајн нарачка

Слични вести

Следниот викенд ќе се одржи 7. издание на планинско-езерскиот Фестивал на планината и езерото Следниот викенд ќе се одржи 7. издание на планинско-езерскиот Фестивал на планината и езерото
1 min read

Следниот викенд ќе се одржи 7. издание на планинско-езерскиот Фестивал на планината и езерото

Се спроведуваат научни истражувања на пештерски организми во НП „Галичица“ Се спроведуваат научни истражувања на пештерски организми во НП „Галичица“
1 min read

Се спроведуваат научни истражувања на пештерски организми во НП „Галичица“

Завршува учебната година, учениците одат на летен распуст Завршува учебната година, учениците одат на летен распуст

Завршува учебната година, учениците одат на летен распуст

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.