Warning: Attempt to read property "post_excerpt" on null in /home2/totomk/public_html/new.inpress.mk/wp-content/themes/darknews/single.php on line 43
Охрид, 20. март 2023 (ИНПРЕС) – ООУ „Живко Чинго“ од село Велгошти денес го одбележува патрониот празник.
Свеченостите ќе започнат од 17:00 часот, со полагање свежо цвеќе на бистата на Живко Чинго. Од 17:30 часот во спортската сала „Тодор Александров“ ќе биде отворена ликовна изложба, а половина час подоцна, од 18:00 часот, ќе започне поетско музичката програма.

Предвиден е настап на училишниот хор, повеќе музички точки и ритмички игри, а учениците од VI до IX одделение подготвија рецитал – „Големата вода“ и „Пасквелија“. Поздравно обраќање пред присутните ќе има и директорката Љубица Ангелоска Кркачоска. (Крај)
извор: ИнПрес фото: архива
