Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Охридски компании дел од традиционалниот Саем за венчавки „Wedding Expo24“

Охридски компании дел од традиционалниот Саем за венчавки „Wedding Expo24“

1 min read

Warning: Attempt to read property "post_excerpt" on null in /home2/totomk/public_html/new.inpress.mk/wp-content/themes/darknews/single.php on line 43

Скопје/Охрид, 22. февруари 2024 (ИНПРЕС) – Ателјето за венчаници „Екатерина“ и MH Candle Co, која се занимава со производство на свеќи од органско еколошко потекло, двете од Охрид, ќе бидат дел од 12-то издание на традиционалниот Саем за венчавки „Wedding Expo24“.

Со богата програма и најдобрите претставници од свадбената индустрија, Саемот ќе биде отворен утревечер од 18:00 часот во хотелот „Александар Палас“ во Скопје, а ќе трае до недела, 25-ти февруари до 18:00 часот.

– На настанот ќе земат учество голем број изложувачи од сите сфери на свадбената индустрија (дизајнери и атељеа за венчаници, ресторани, музички групи, покани, бурми и накит, подароци, декорации за свадба, фотографи, костуми и обувки…), односно се’ што е неопходно за организирање на свадбената прослава. Саемот е од изложбено-продажен карактер, па така идните младенци ќе имаат можност да ги видат, пробаат и купат своите венчанци, костуми, бурми, да договорат термин за свадба, да букираат бенд, да си обезбедат покани и декорација, фотограф, да пронајдат уникатни подароци за девериците, кумовите и друго, информираат организаторите.

Додаваат дека богатата програма започнува со модната ревија на „Познатите во венчаници и костуми“, а посетителите ќе имаат можност да видат многу познати ликови како модели на венчаници и костуми.

– Целата програма ќе биде збогатена и со индивидуални ревии (сабота и недела) како и настап на познати музички бендови. Водител и домаќин на настанот оваа година е популарната и супер симпатична Сања Савевска („Брза Кујна“ на Тв Сител). Влезниците за саемот ќе се продаваат на самиот влез во хотелот како и online, а цената ќе биде симболични 150 денари. Со купувањето на билетот се станува и потенцијален добитник на голем број подароци кои ќе се извлекуваат за време на настанот. За идните невести ќе има и голем број на саемски попусти кои несомнено ќе ви го заштедат семејниот буџет, потенцираат од интернет порталот за културата на венчавките www.vobelo.mk, кои се организатори на настанот. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива

Post navigation

Previous Претставата „Чекајќи го Годо“ од Семјуел Бекет утревечер повторно пред охриѓани
Next Во јуни ќе се појават фунтите со ликот на кралот Чарлс

Слични вести

Здравје: Тренер советува како да уживате во скарата без да се здебелите Здравје: Тренер советува како да уживате во скарата без да се здебелите
1 min read

Здравје: Тренер советува како да уживате во скарата без да се здебелите

Нивото на Охридското Езеро во рамки на априлскиот просек Нивото на Охридското Езеро во рамки на априлскиот просек
1 min read

Нивото на Охридското Езеро во рамки на априлскиот просек

Жителите на дел од населбата Рача неколку часа без вода Жителите на дел од населбата Рача неколку часа без вода

Жителите на дел од населбата Рача неколку часа без вода

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.