Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Топ Вести
  • Охриѓанката Климентина Модева е највисоката спортистка во историјата на женската кошарка на Weatherford колеџот во Тексас, САД

Охриѓанката Климентина Модева е највисоката спортистка во историјата на женската кошарка на Weatherford колеџот во Тексас, САД

1 min read
Охриѓанката Климентина Модева е највисоката спортистка во историјата на женската кошарка на Weatherford колеџот во Тексас, САД

Климентина Модева Охрид Weatherford College Lady Coyotes

Ведерфорд/Охрид, 5. октомври 2024 (ОХРИДПРЕС) – Голем чекор за еден висок играч. Климентина Модева е највисоката спортистка во историјата на женската кошарка на Weatherford колеџот во Тексас, САД која носи меѓународно искуство и силна работна етика во тимот.

Вака порталот wcathletics.com, посветен на женската кошарка во САД го започнува интервјуто со охриѓанката Климентина Модева, младата дама која направи голем чекор во својата кошаркарска кариера кога од Република Македонија дојде во САД. Сепак, како највисока спортистка што некогаш играла за Weatherford College Lady Coyotes, големите чекори како да одат и со нејзината висина, која е 205 сантиметри.

Таа е секако највисокиот играч во кариерата на Bob McKinley, кој речиси пет децении работи како тренер на Lady Coyotes.

– Таа ќе биде највисокиот играч на нашата конференција. И нејзиниот став е фантастичен. Таа има одличен однос со сите во тимот, вели тренерот McKinley.

Модева вели дека секогаш била повисока од другите девојки, но на почетокот на нејзините тинејџерски години разликата станала уште поголема.

– Имав скок на растот кога имав 14 години, а таа година пораснав повеќе од 15 сантиметри, вели Климентина и додава дека ќе се труди максимално и ќе игра напорно за тимот.

Модева претходно играше за репрезентацијата на Република Македонија од 16 до 18 години, а беше член и на тимот на ЖКК „Струга 2009“ во Првата лига на Република Македонија, истиот тим за кој настапуваше и нејзината сестра Габриела.

Модева вели дека таа никогаш порано не слушнала за Weatherford, но смета дека е фасцинантно место.

– Иако е различно, многу ми се допаѓаат Тексас и Weatherford. Ми недостигаат моето семејство и пријателите. Ја сакам кошарката и како се игра овде, вели Модева.

Таа моментално ги завршува општите студии, а планира подоцна да се фокусира на сајбер безбедноста.

– Навистина сакам кодирање и компјутери, рече таа.

Во меѓувреме, ужива да стекнува нови пријатели и да го игра спортот што толку многу го сака. И, ако напредува во американската игра како што очекува тренерот McKinley, таа би можела да им помогне на Lady Coyotes да постигнат највисоки резултати. (Крај)

извор: wcathletics.com фото: wcathletics.com

Post navigation

Previous Охрид најубав: 5. октомври 2024 година
Next Срамизам: Повторно оштетено „Охридското срце“ на Градскиот плоштад во Охрид (Видео)

Слични вести

Објавени огласите за упис на првачиња, документите ќе се доставуваат во текот на месец мај Објавени огласите за упис на првачиња, документите ќе се доставуваат во текот на месец мај

Објавени огласите за упис на првачиња, документите ќе се доставуваат во текот на месец мај

Охрид домаќин на 91 Средба на правниците, ќе се одржи од 23 до 25 април Охрид домаќин на 91 Средба на правниците, ќе се одржи од 23 до 25 април

Охрид домаќин на 91 Средба на правниците, ќе се одржи од 23 до 25 април

Источен Петок Балаклија: Чудата на Пресвета Богородица со изворот кај Цариград! Источен Петок Балаклија: Чудата на Пресвета Богородица со изворот кај Цариград!

Источен Петок Балаклија: Чудата на Пресвета Богородица со изворот кај Цариград!

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.