Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Панел дискусија на тема Збогум Буково и Мауцкер

Панел дискусија на тема Збогум Буково и Мауцкер

1 min read
Панел дискусија на тема Збогум Буково и Мауцкер

Охрид, 2. декември 2024 (ИНПРЕС) – Во четврток, 5-ти декември ќе се одржи панел дискусија на тема Збогум Буково и Мауцкер, во организација на иницијативата „Збогум Буково“.

Учесници на панелот ќе бидат: Ана Каранфилова Мазневска, раководител на секторот за управување со отпад во Министерството за животна средина и просторно планирање, Емил Ангелов, лидер на тимот одговорен за спроведување на проектот за оддржливо управување со отпад во Македонија поддржан од SALAR International, проф.д-р. Драган Ѓорѓев, специјалист по здравствена екологија и Блаже Јосифовски, претставник од граѓанскиот сектор, Go Green од Скопје, експерт во одржливо управување со отпад и концептот на нула отпад во општините.

– Панелот ќе понуди можност за транспарентно излагање на досегашните чекори спроведени според Планот за управување со отпад во југозападниот и пелагонискиот регион, пречките во неговото остварување, здравствените проблеми што настануваат со ненавременото решавање на овие еколошки проблеми и улогата на граѓанскиот сектор во изнаоѓање на конструктивни и оддржливи решенија.
Ова е можност да се постават прашањата што сите си ги поставуваме во меѓусебните разговори и да се учествува во една продуктивна дискусија којашто треба да не донесе поблиску до моментот кога ќе кажеме: #збогумбуково
#збогумимауцкер, велат организаторите.

Панел дискусијата ќе се одржи во Касарна Хаб во Охрид со почеток во 12:00 часот. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива

Post navigation

Previous Заврши реконструкцијата на дел од пештерната црква Св. Богородица во Велгошти
Next Во тек е пријавувањето за субвенциониран студентски оброк за академската 2024/2025 година

Слични вести

Следниот викенд ќе се одржи 7. издание на планинско-езерскиот Фестивал на планината и езерото Следниот викенд ќе се одржи 7. издание на планинско-езерскиот Фестивал на планината и езерото
1 min read

Следниот викенд ќе се одржи 7. издание на планинско-езерскиот Фестивал на планината и езерото

Се спроведуваат научни истражувања на пештерски организми во НП „Галичица“ Се спроведуваат научни истражувања на пештерски организми во НП „Галичица“
1 min read

Се спроведуваат научни истражувања на пештерски организми во НП „Галичица“

Завршува учебната година, учениците одат на летен распуст Завршува учебната година, учениците одат на летен распуст

Завршува учебната година, учениците одат на летен распуст

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.