Охрид, 13. март 2026 (ИНПРЕС) – Жителите на дел од улицата „Гоце Делчев“ попладнево ќе бидат неколку часа без вода.
– Поради настанат дефект на водоводната мрежа, денес од 13:00 часот неколку часа без вода ќе бидат корисниците на улицата „Гоце Делчев“, од пресекот со улицата „Македонски Просветители“ до Здружение на возачи, вклучувајќи ги и сите споредни улици од населбите Кошишта, Воска и Далјан, информираат од ЈП „Водовод“ Охрид.
Нивни екипи се на терен до целосно завршување на санацијата. (Крај)
извор: ИнПрес фото: архива
