Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Преображение Христово

Преображение Христово

1 min read
Преображение Христово

Охрид, 19. август 2023 (ИНПРЕС) – Верниците од православна вероисповед денеска го слават празникот Преображение на Господ Исус Христос, кој секоја година се одбележува на 19-ти август.

На овој ден се прославува преображението на Христос на планината Тавор, кога Господ се појавил во сета Негова слава пред апостолите Петар, Јаков и Јован. Во три од четирите Евангелија се говори за овој настан.

Според преданието, за да не ослабе верата на апостолите со неговото страдање и смрт кои претстоеле и за неговите ученици да не отпаднат од него, Господ Исус Христос сакал да им покаже барем дел од својата божествена слава. Затоа ги зел со себе Петар, Јаков и Јован и излегол со нив ноќе на гората Тавор и таму се преобразил пред нив.

Преображение Господово е еден од оние осум големи Христови празници, кога, според народното предание, во зора почнуваат да се преобразуваат и гората и водата, најавувајќи ја идната есен. Според народното верување тогаш за прв пат во годината се бере и јаде грозје и се носи во црквата каде што свештеникот по молитвата го благословува.

извор: МПЦ-ОА фото: архива

Post navigation

Previous Во Охрид денес сончево и топло време со умерена облачност и температура до 32. степени
Next Светски ден на хуманитарноста

Слични вести

Здравје: Тренер советува како да уживате во скарата без да се здебелите Здравје: Тренер советува како да уживате во скарата без да се здебелите
1 min read

Здравје: Тренер советува како да уживате во скарата без да се здебелите

Нивото на Охридското Езеро во рамки на априлскиот просек Нивото на Охридското Езеро во рамки на априлскиот просек
1 min read

Нивото на Охридското Езеро во рамки на априлскиот просек

Жителите на дел од населбата Рача неколку часа без вода Жителите на дел од населбата Рача неколку часа без вода

Жителите на дел од населбата Рача неколку часа без вода

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.