Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Претставата „Сергеј е многу глупав“ вечерва репризно пред охриѓани

Претставата „Сергеј е многу глупав“ вечерва репризно пред охриѓани

1 min read

Охрид, 27. јуни 2023 (ИНПРЕС) – Во НУ Центар за култура „Григор Прличев“ во Охрид, вечерва, од 20:00 часот, репризно ќе ја одигра претставата „Сергеј е многу глупав“ од Дмитриј Данилов, во режија на Дејана Николовска.

– Во претставата се разигрува ситуација во која се кршат границите на реалноста во животот на еден актуелен современ лик – компјутерски програмер. Навидумедноставна животна ситуација одеднаш се претвора во егзистенцијална ситуација. Курири-доставувачи, неочекувано доаѓаат кај Сергеј и уште од прагот соопштуваат дека имаат намера да поминат точно еден час со него, по што ќе му дадат пратка со непозната содржина. Од овој момент па натаму, започнува надреалистично шоу кое го вовлекува гледачот во динамична игра во која дијалозите и хероите ги рушат сите очекувани театарски стереотипи и во која крајот за гледачите е целосно непредвидлив. Серјожа не е глупав. Тој е типичен млад обрaзован човек, продукт на еден систем и наедно време. Тој го разбира животот на одредено ниво, како и повеќемината од нас. Тој се плаши од ирационалното кое, кога ќе влезе во нашите животи, треба да се третира соодветно. Во спротивно, може да остави несогледливи последици по животот. Што би направиле вие на местото на Сергеј? Дали би ја отвориле пратката, порачуваат од Центарот за култура.

Улогите се на Никола Тодороски, Стрезо Стаматовски, Горан Стојаноски, Филип Кипровски и Елизабета Стефановска.

Билетите се продаваат во Центарот за култура во Охрид по цена од 200 денари.

извор: ИнПрес фото: архива

Post navigation

Previous Свети пророк Елисеј
Next Вечерва ќе се одржи 5. Меѓународен хорски фестивал „Гласот на Охрид“ во организација на градскиот хор Vox Lychnidos

Слични вести

Здравје: Нова студија открива што му прави на мозокот една непроспиена ноќ Здравје: Нова студија открива што му прави на мозокот една непроспиена ноќ
1 min read

Здравје: Нова студија открива што му прави на мозокот една непроспиена ноќ

Изложба на трудовите од БИМАС 2025 од утре во куќата на Робевци во Охрид Изложба на трудовите од БИМАС 2025 од утре во куќата на Робевци во Охрид

Изложба на трудовите од БИМАС 2025 од утре во куќата на Робевци во Охрид

Музичкото наследство на Тоше Проески во нова форма – албумот „Игри без граници“ објавен на винил Музичкото наследство на Тоше Проески во нова форма – албумот „Игри без граници“ објавен на винил
1 min read

Музичкото наследство на Тоше Проески во нова форма – албумот „Игри без граници“ објавен на винил

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.